— манга, чиј автор е Јасухиса Хара, која излегува во списанието Weekly Young Jump на издавачката куќа Shueisha од 2006 г.
Според мангата, студиото Pierrot од 2012 г. издава аниме-серија, чија прва сезона се прикажувала на телевизискиот канал NHK од 4 јуни 2012 до 25 февруари 2013 г. Таа опфатила 38 аниме-епизоди. Втората сезона од 39 епизоди се прикажувала во периодот од 2013 до 2014 г. Третата сезона се произведувала заедно со студиото Studio Signpost и започнала да се прикажува на 5 април 2020 г., но била прекината по 4. епизода на неопределено време поради Пандемијата на КОВИД-19. Прикажувањето на третата сезона продолжувало од 1. епизода на 5 април 2021 г. сѐ до 26. епизода, објавена на 17 октомври 2021 г. Премиерата на четвртата сезона се одржала во април 2022 г., петтата во јануари 2024 г., а шестата во октомври 2025 г.
Исто така, во април 2019 г. бил снимен и игран филм Kingdom заснован на мангата.
Содржина Заплетот претставува уметничка адаптација на историјата за епохата на завојуваните држави, период од кинеската историја во III век пр. н. е., кога земјата била раздробена на мали држави што воделе бескрајна и повеќевековна меѓусебна борба. Епохата завршила кога Јинг Џенг, владетелот на Чјин, ги освоил сите други територии и ја обединил земјата.
На границите на државата Чјин растеле сирачињата Шјин и Пиао, чии родители ги земала поредната војна. Тие секој ден вежбале со мечови за еден ден да си ја остварат својата животна желба — да станат генерали на небесното царство. Пиао неверојатно многу личи на царот на Чјин и затоа одлучуваат да го одведат во дворецот како негов двојник, меѓутоа по еден месец се случува дворски преврат, при што Пиао, кого го помешале со царот, е смртно ранет. Тој успева да дојде кај Шјин и пред смртта го моли да отиде до бандитското гратче. Шјин ја исполнува неговата желба и таму го запознава најмладиот цар Јинг Џенг, кој тукушто го изгубил престолот. Отпрвин Шјин го мрази Јинг Џенг поради Пиао и сака да го убие, но подоцна, гледајќи одлична можност да ја оствари свожбата да стане генерал, се согласува да го придружува и да му помогне да изведе дворски преврат.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2006 година Категорија:Аниме на Crunchyroll