Ерјан Хоскјолд Ниланд (роден на 10 септември 1990 година, во Волда) — норвешки фудбалер, на и на норвешката репрезентација.

Биографија Ерјан Ниланд е роден во Волда, мал град во истоимената општина во Норвешка. Како дете тој тренирал ракомет, алпско скијање и фудбал. Неговиот татко, Јостеин, исто така, бил фудбалер и играл на позицијата голман. Тој има и помлад брат, Сандер, кој моментално работи како асистент тренер во норвешкиот клуб Сарпсборг 08.

Ниланд ја оженил својата сопруга Тине во 2019 година, со која имаат две деца Оливер и Јонах.

Технички карактеристики Голман, кој има добри инстинкти и рефлекси.

Клупска кариера Почетоци и Хед Ниланд ја започнал кариерата во локалниот клуб Волда, во својот роден град, пред да се приклучи на Хед во 2007 година. Во својата прва година во клубот, тој не настапил ниту еднаш поради конкуренцијата од Ким Дејноф и Вебјерн Скејде. Дејноф го напуштил Хед по завршувањето на сезоната 2007 и во следните две сезони, Ниланд бил втор избор зад Скејде пред да стане прв избор во текот на сезоната 2010.

Ниланд бил еден од најталентираните голмани во Норвешка и тренирал со Розенборг во два наврати во 2007 година, англискиот клуб Евертон во декември 2008 година и Молде во ноември 2011 година. Во декември 2011 година, Ниланд бил еден од шестте млади голмани избрани за проектот на поранешниот норвешки голман Фроде Гродос наречен „Утрешниот националниот голман 2014“ инициран од Фудбалската асоцијација на Норвешка, каде што целта била да се развие следниот голман на репрезентацијата.

Пред почетокот на сезоната 2012, Тромсо сакал да го потпише Ниланд како резерва за Маркус Салман, но не можеле да платат колку што барале Хед за голманот, кој имал уште една година од договорот. Така, Ниланд останал во Хед и бил еден од најдобрите играчи на клубот во текот на сезоната 2012, освојувајќи ја наградата за талент на месецот октомври, што им се доделува на извонредни млади норвешки фудбалери секој месец.

Во финалето на Купот на Норвешка 2012, Ниланд имал неколку одлични одбрани што донеле победа за неговиот тим, а самиот тој бил прогласен за играч на натпреварот. Ниланд, исто така, го одбранил пеналот на Реми Јохансен за да може Хед да победи со 4–2 на пенали против Тромсо и ја освои својата прва титула во Купот на Норвешка.

По сезоната, Ниланд станал слободен агент. Два клуба од Елитсериен, Старт и Согндал, сакале да го потпишат Ниланд и јавно му ветија на Ниланд дека ќе биде нивен прв голман доколку тој потпише. Ларс Ивар Молдскред, како советник на Ниланд, го советувал да потпише за Старт, но наместо тоа, тој потпишал за бранителот на титулата во Норвешка, Молде, каде што се борел за место со Еспен Буге Петерсен и Оле Седерберг.

Молде thumb|280px|left|Ниланд во времето кога играл за Молде Ниланд го направил своето деби за првиот тим за Молде во победата од 5–0 против нисколигашот Елнесваген и Омегн во првото коло на Купот на Норвешка 2013. Ниланд, исто така, играл во второто коло против Бјасен, пред да го направи своето деби во Елитсериен во ремито 1-1 против Старт на 6 мај 2013 година. Откако Буге Петерсен се повредил, Ниланд наскоро станал прв избор на голманската позиција во клубот. и го одиграл секој натпревар во првенството до 17-тото коло кога менаџерот, Оле Гунар Солшер, решил да го одмори. Тој потпишал нов договор со Молде во септември 2013 година, обврзувајќи се со клубот до летото 2018 година. Ниланд пропуштил неколку натпревари во октомври поради повреда, но се вратил кога Молде се сретнал со Розенборг на 26 октомври 2013 година. Тој одиграл вкупно 20 натпревари во првенството во текот на сезоната 2013, која Молде ја завршил на 6-то место.

Во следната сезона, Ниланд бил стартен голман на Молде под водството на новиот тренер Тор Оле Скулеруд, кој ја освоил титулата во норвешкото првенство, придонесувајќи за успехот со 28 настапи и 12 суви мрежи (најмногу од сите голмани во лигата). Покрај тоа, тој бил и капитен на тимот во многу натпревари во текот на сезоната, кога главниот капитен на тимот Даниел Берг Хестад не бил на теренот. На крајот од сезоната, тој бил прогласен за голман на сезоната во норвешкото првенство. Исто така, тој го започнал како капитен и го одиграл целиот натпревар во финалето на Купот на Норвешка 2014, во кое Молде го победил Одс со 0-2, за комплетирањето на двојната круна.

Ниланд бил стартер и во неговата последна сезона во Молде, започнувајќи во 13 од 14 првенствени натпревари (повеќето од нив како капитен) и во два натпревари од Купот на Норвешка, пред да го напушти клубот во летото 2015 година за својата прва авантура во странство. Во еден од неговите последни натпревари за Молде, на 5 јуни 2015 против Тромсо, Ниланд направил прекршок за пенал но истиот не бил реализиран бидејќи тој потоа го одбранил ударот на Зденек Ондрашек.

Инголштат thumb|200px|Ниланд со Инголштат во 2017 На 1 јули 2015 година, Ниланд потпиша четиригодишен договор со новопромовираниот клуб во германската Прва Бундеслига, Инголштат за неоткриена сума. Своето деби во Бундеслигата го имал во поразот од 0–4 на домашен терен против Борусија Дортмунд на 23 август 2015 година. Во најголемиот дел од неговата прва сезона во Инголштат, Ниланд бил втор избор на голманската позиција зад австрискиот ветеран Рамазан Озџан. Сепак, тој добил шанса во последните неколку натпревари од сезоната и се истакнал со одбранет на пенал на Андреј Крамариќ во натпреварот против во 32-рото коло од Бундеслигата. Првата сезона во клубот ја завшрил со вкупно 7 настапи (6 во првенството и 1 во купот).

Следната сезона, Ниланд ја започнал како прв голман на Инголштат, но по серијата лоши резултати на клубот дошло до тренерска промена која ќе го засегне и него; откако Маркус Каучински бил отпуштен и заменет со Мајк Валпургис, новиот тренер во потрага по промени извршил една таква и на голманската позиција каде данецот Мартин Хансен го заземал место на Ниланд. До крајот на сезоната, тој само повремено добивал можност за игра, завршувајќи ја сезоната со 13 настапи и со испаѓање со клубот во Втора Бундеслига. Конечно, дури тогаш Ниланд ја дочекал својата шанса регуларно во континуитет да застане на голот на Инголштат, бранејќи на 30 натпревари на клубот во Втора Бундеслига 2017-2018 и забележувајќи 10 суви мрежи.

Астон Вила На 7 август 2018 година, Ниланд потпишал тригодишен договор со англискиот клуб Астон Вила. Тој бил стандаден во првиот дел од сезоната во Чемпионшпип, бранејќи во 23 натпревари, пред да претрпи руптура на ахиловата тетива, поради што го пропуштил остатокот од сезона во која Астон Вила успеала да избори промоција во Премиер лигата.

Следната сезона, во Астон Вила дошле искусни голмани како Том Хитон и Пепе Реина, со што настапите на Ниланд станале ограничени. Тој забележал само 12 настапи во сезоната 2019-2020, но играл во финалето на Лига купот во кое Астон Вила била поразена од Манчестер Сити со 1-2. На 18 јуни 2020 година, бил вмешан во контроверзност кога се чинело дека влегол со топката во голот преминувајќи ја гол-линијата, откако по фаќањето на топката по слободниот удар изведен од Оливер Норвуд тој исто така се судрил со еден од своите соиграчи. Поради мешање во технологијата на гол-линијата, играта била оставена да продолжи и на Шефилд Јунајтед му бил одземен гол.

Во летото 2020 година, Астон Вила го довела Емилијано Мартинес од Арсенал, по што Ниланд бил поврзуван со заминување од Вила Парк. Тој имал само еден настап во сезоната 2020–2021, пред си замине откако двете страни се согласиле за раскинување на договорот на 5 октомври 2020 година.

Норич Сити и Борнмут На 1 февуари 2021, Ниланд потпишал договор со Норич Сити до крајот на сезоната 2020–2021. На 26 јуни 2021, без да направи ниту еден настап за клубот, тој објавил дека заминува од Норич Сити.

Ниланд како слободен играч потпишал за Борнмут на 17 август 2021 година. Една недела подоцна, тој го имаше своето деби за клубот во второто коло од Лига купот 2021-2022 против поранешниот клуб Норич Сити, во кој примил шест гола во поразот на „црешите“ со 6–0. На 31 јануари 2022 година, Борнмут и Ниланд се согласиле да го раскинат неговиот договор, но тој останал во клубот за да тренира по закрепнувањето од повредата.

Рединг и РБ Лајпциг На 10 март 2022 година, Ниланд потпишал краткорочен договор со Рединг до крајот на сезоната 2021–2022. Дебитирал на 15 март 2022, во натпреварот против својот доскорашен клуб Борнмут кој завршил 1-1. Откако направил 10 настапи за клубот, на 20 мај 2022 година, Рединг потврдил дека Ниланд ќе го напушти клубот по истекот на неговиот договор.

На 9 октомври 2022 година, после четири години во Англија, Ниланд се вратил во Германија каде му се приклучил на РБ Лајпциг потпишувајќи договор до јуни 2023 година. Ангажиран како замена за привремено повредените Петер Гулачи и Јанис Бласвих, Ниланд дебитирал за клубот на 29 октомври 2022, во победата на домашен терен со 2-0 над Бајер Леверкузен. Неговиот следен настап бил на 1 февруари 2023, во победата со 3-1 над Хофенхајм во Купот на Германија. Конечно, својот последен натпревар за РБ Лајпциг го имал во последното коло од Бундеслигата на 27 мај против Шалке 04, асистирајќи во последните секунди за голот на Кристофер Нкунку со кој францускиот напаѓач станал најдобар стрелец во лигата.

Севиља На 20 август 2023 година, Ниланд со слободен трансфер се приклучил на шпанската екипа Севиља. Соето деби го имал на 23 септември, против Осасуна, забележувајќи чиста мрежа во ремито без голови (0-0). Во првата сезона во Севиља, тој бил стартен голман на тимот, забележувајќи 24 настапи во првенството, 2 во Лигата на шампионите и 2 во Купот на Шпанија. Тој го задржал своето место во почетниот тим и во следната сезона играјќи 31 натпревар помеѓу првенството и купот; на 16 март 2025, во натпреварот против Атлетик Билбао загубен на домашен терен со 0-1, Ниланд му одбранил пенал на Микел Весга.

Неговата трета и последна сезона во Севиља, Ниланд ја започнал како стартер но кон крајот на септември го загубил местото во стартната постава од грчкиот голман Одисеас Влаходимос. До крајот на сезоната, тој бил втора опција и играл само во натпревари од Купот на Шпанија. Сепак, во последното коло од првенството против , Ниланд добил шанса да го одигра својот последен натпревар во дресот на Севиља, започнувајќи и играјќи ги сите 90 минути во поразот со 1-0. Тој го напуштил клубот по истекот на неговиот договор во јуни 2026.

Враќање во РБ Лајпциг На 4 август 2026 година, Ниланд се вратил во РБ Лајпциг, приклучувајќи му се на клубот како слободен играч со договор до 2028 година.

Репрезентативна кариера Ниланд ја претставувал Норвешка во младинските репрезентации под 16, под 17 и под 18 години. Откако станал прв избор на голманската позиција во Хед, тој бил повикан во репрезентацијата под 21 година во јуни 2011 и го направил своето деби за неа во поразот со 1–4 од Шведска. Потоа, Ниланд бил дел од успешната квалификациска кампања на репрезентацијата за Европското првенство за играчи под 21 година 2013 и бил повикан да учествува на самиот турнир кој се одржал во Израел. Тој ја добил битката со конкурентот Арилд Естбе за местото стартен голман на норвешката репрезентација под 21 година на првенството, на кое Норвешка стигнала до полуфиналето во кое загубиле од подоцнежниот шампион, Шпанија. Ниланд импресионирал и бил пофален за неговите настапи на првенството, особено во натпреварот против Шпанија, a последователно бил вклучен во „Ол стар тимот на првенството“ заедно со сонародникот Стефан Страндберг.

thumb|300px|Ниланд (лево) играјќи за Норвешка, дегажира пред италијанскиот напаѓач Матео Ретеги во натпревар меѓу двете репрезентации во јуни 2025.