мини|280 px|Контролор на летање за време на работа Контролор на летање или авиодиспечер — воздухопловен стручњак што врши контрола на летање, услуга за информирање за летот и алармно известување.
Главна улога на контролорот на летање е обезбедување безбеден, редовен, уреден и економски поисплатлив сообраќај на авиони, хеликоптери и други воздухоплови. За успешно извршување на оваа функција, контролорот на летање користи знаења од воздушната навигација, воздухопловната метеорологија, англискиот јазик, како и строго утврдени правила и упатства што детално ги регулираат сите аспекти од неговото работење. На пример, за да обезбеди безбедно раздвојување на воздухопловите во воздухот, контролорот на летање применува правила за вертикално и хоризонтално ешалонирање (распоредување на воздухопловите на безбедни растојанија во хоризонтална и вертикална рамнина).
Работни услови
Работни смени и распореди Вообичаено, контролорите на летање работат помеѓу 90 и 120 минути, по што следи 30-минутна пауза. Освен на помалите аеродроми со мало количество на воздушен сообраќај, контролата на летање работи непрекинато, што бара контролорите да работат во ротирачки смени што вклучуваат ноќи, викенди и државни празници. Распоредите на смените обично се утврдуваат 28 дена пред нивниот почеток. Во многу земји, структурата на шемите на смени на контролорите е регулирана со цел да се овозможи соодветно време за одмор. Шемата на смени често разнообразува во зависност од земјата, објектот и неговата местоположба. Во САД, Федералната управа за авијација (FAA) ги регулира часовите што еден контролор на летање смее да ги работи: контролорите не смеат да работат повеќе од 10 последователни часа за време на една смена, во што се вклучени задолжителните паузи, и мораат да имаат 9 часа одмор пред нивната следна смена. Дополнително, тие обично работат со релативно единствен распоред на ротирачки смени, наречен 2-2-1. Работата по овој распоред подразбира ротирање меѓу две попладневни смени, две утрински смени и една ноќна смена во текот на една недела.
Стрeс Многу земји ги регулираат работните часови за да осигурат дека контролорите можат да останат фокусирани и ефективни. Истражувањата покажуваат дека по продолжени периоди на непрекината работа во траење од повеќе од два часа, перформансите можат брзо да се влошат, дури и при ниско ниво на сообраќај. Затоа, Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) препорачува паузи најмалку на секои два часа. Проучување што го споредило стресот кај општото население и кај ваквите системи забележително покажало повисоко ниво на стрес кај контролорите. Ова варирање може да се објасни, барем делумно, со одликите на самото работно место.
Наводи
Надворешни врски
Air Traffic Control Association Unique Aviation Career as an Air Traffic Controller , by James Wynbrandt, Flying (magazine) ATSA Test Air Traffic Control management
Категорија:Воздухопловство