Гулабов здравец () — едногодишно тревесто растение од семејството здраци. десно|мини|240x240пкс| Крупен план на цвет од гулабов здравец
Опис
Општи одлики и стебло Гулабовиот здравец е едногодишно растение со висина од 10 до 70 см, кое од основата може да биде разгрането или неразгрането. Стеблото е нежно, тенко и црвеникаво, покриено со прилегнати влакна кои се свртени надолу. Исти такви влакна се присутни и кај лисните дршки, како и кај дршките на цветовите и соцветијата.
Листови Листовите се широки од 3 до 5 см, покриени со прилегнати влакна кои се насочени нагоре. Тие се речиси до самата основа насечени на 5 до 7 дела, кои обично се двојно-пересто насечени на линејни сегменти. Карактеристично за лисните дршки е следново: Базалните (приземните) листови имаат дршки кои се 2 до 4 пати подолги од самата лиска (ламина). Стеблените листови се поставени наспрамно, но и кај нив дршките се подолги од лиските.
Прилисниците се копјести, со долг и постепено заострен врв. Тие се целокрајни или длабоко насечени на 2 дела, често имаат црвеникава боја и се покриени со ретки прилегнати влакна.
Соцветие и цвет Соцветието на растението е дифузно. Цветовите се распоредени по 2 заедно, сместени во пазувите на еден од двата наспрамни листа. Цветните дршки се многу долги (3 до 5 см), а дршката на самото соцветие е уште подолга и достигнува од 4 до 7 см. На границата помеѓу овие дршки се наоѓаат 4 линејни црвени прицветници (прицветници). По прецветувањето, дршката на цветот карактеристично се спушта надолу.
Чашка и венче Чашката е со зелена боја. Чашкините ливчиња имаат должина од 5 до 9 мм, јајцевидно-копјест облик, 3 изразени жили по површината и се покриени со прилегнати влакна. На самиот врв завршуваат со долг шиловиден продолжеток од 1,5 до 3 мм. Со развитокот на плодовите, чашката се зголемува до 9 мм, при што нејзините жили, прилегнатите влакна и широкиот ципест раб доаѓаат уште повеќе до израз.
Венчето е со розе-виолетова боја. Венечните ливчиња се долги од 7 до 9 мм, имаат обратно-јајцевиден облик, плитко се всечени на врвот, а нивната основа е влакнеста од двете страни по работ.
Прашници и плод Прашниците се помали од чашката на цветот. Плодните делови се голи или пак покриени со ретки прилегнати влакна. Семките имаат темнокафеава боја и карактеристична мрежеста структура по својата површина.
Живеалиште Гулабовиот здравец претпочита умерено суви, варовнички почви богати со хранливи материи, во шуми, живи огради и покрај патишта, на надморска височина до 1200 м.
Распространетост Ова растение е присутно низ цела Европа, Западна Азија и Северна Африка. Исто така е воведено во Северна Америка.
Подрачја на природна распространетост на видот се: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Европа Југоисточна Европа Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Крим, Романија, Сицилија, Европска Турција, Украина, Југославија Средна Европа Австрија, Белгија, Чехословачка, Германија, Унгарија, Холандија, Полска, Шведска, Швајцарија Југозападна Европа Балеарски Острови, Корзика, Франција, Португалија, Сардинија, Шпанија Источна Европа Балтички Држави, Данска, Средноевропска Русија, Источноевропска Русија, Финска, Јужноевропска Русија, Норвешка Западна Европа Велика Британија, Ирска Африка Северна Африка Алжир, Мароко, Либија, Тунис Азија Средна Азија Кипар, Иран, Либија-Сирија, Северен Кавказ, Палестина, Закавказје, Турција
Македонија Во Македонија растението е широко распространето и официјално забележано на следниве места: Скопска Црна Гора, планината Жеден и Жеденска Клисура, Скопје (Катлановска Бања, с. Петровец), Тетово (с. Рогачево), Таорска Клисура, клисурата на реката Пчиња (с. Летевци), Куманово (с. Орашец), Кичево (изворот на реката Треска кај с. Извор), планината Добра Вода, планината Дешат (с. Битуше), Велес (с. Богомила), с. Градско (Солен Дол), Свети Николе (Богословец, над с. Делисинци), Кочани (с. Оризари), Пробиштип (Костомар) и на планината Галичица.
Галерија
Поврзано Здравец (род)
Наводи
Надворешни врски
Biolib Geranium columbinum
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Здравец Категорија:Флора на Македонија