Едмунд Фицџералд () — американски езерец што потонал во Горното Езеро за време на невреме на 10 ноември 1975 г., при што животот го загубил целиот екипаж од 29 мажи. Кога бил пуштен во водство на 7 јуни 1958 г., тој бил најголемиот брод на северноамериканските Големи Езера и сѐ уште останува најголемиот што потонал таму. Неговите останки биле откриени во длабоки води на 14 ноември 1975 г. од страна на авион на Воената морнарица на САД што регистрирал магнетни аномалии, а набргу потоа било утврдено дека е во два големи дела.

Цели 17 години, Едмунд Фицџералд превезувал таконит (вид железна руда) од рудниците по минесотскиот Железен Појас во близина на Дулут, Минесота, до железарите во Детроит, Мичиген; Толедо, Охајо; и други пристаништа на Големите Езера. Како вистински работник, тој шестпати поставил рекорди во сезонски превоз, често соборувајќи го сопствениот рекорд. Капетанот Питер Пулцер бил познат по тоа што пуштал музика преку бродовскиот интерфон деноноќно додека поминувал низ реките Сент Клер и Детроит (меѓу Хурон и Ири), и ги забавувал гледачите кај браните во Су (меѓу Горно и Хурон) со коментари во живо за бродот. Неговата големина, рекордните перформанси и „диџејскиот капетан“ му донеле голема наклонетост кај љубителите на бродови.

На пладне на 9 ноември 1975 г., бродот се упатил на својата последна пловидба од Супириор, Висконсин, во близина на Дулут, носејќи целосен товар од палети од таконитна руда под заповедништво на капетанот Ернест М. Максорли. На пат кон железарница во близина на Детроит, следниот ден бил зафатен од тешко невреме со ветрови со сила блиска до ураганска и бранови високи до 11 м. Некаде по 17:30 часот, Едмунд Фицџералд пријавил дека има тешкотии; во 19:10 часот, капетанот Максорли ја испратил својата последна порака: „Засега се држиме“. Кратко по 19:10 часот, езерецот Едмунд Фицџералд ненадејно потонал во канадски (онтариски) води на длабочина од 160 м, на околу 27 км од заливот Вајтфиш во близина на збратимените градови Су Сент Мари, Мичиген, и Су Сент Мари, Онтарио — растојание што Едмунд Фицџералд со полна брзина би го поминал за нешто повеќе од еден час. Неговиот екипаж од 29 души загинал, а телата не биле пронајдени. Точната причина за потонувањето останува непозната, иако многу книги, проучувања и експедиции го истражувале тоа. Едмунд Фицџералд можеби бил поплавен од бранови, претрпел структурно оштетување или оштетување на палубата, се удрил во плиток дел или настрадал од комбинација на овие чинители.

Оваа несреќа е една од најпознатите во историјата на пловењето по Големите Езера, делумно затоа што канадскиот пејач Гордон Лајтфут ја опеал во својата популарна балада од 1976 г., The Wreck of the Edmund Fitzgerald. Лајтфут ја напишал оваа хит-песна откако прочитал статија насловена „Најсуровиот месец“ во изданието на Newsweek од 24 ноември 1975 г. Потонувањето довело до промени во прописите и практиките за пловење по Големите Езера, кои вклучуваат задолжителни костуми за преживување, длабиномери, системи за позиционирање, зголемен надводен дел и почести инспекции на пловните објекти.

Последна пловидба thumb|280px|Карта на последната пловидба на бродот за насипен товар

Носејќи целосен товар од рудни палети под заповедништво на капетанот Ернест М. Максорли, Едмунд Фицџералд заминал на својата последна пловидба од Супириор, близу Дулут, попладнето на 9 ноември 1975 г. На патот кон железарница близу Детроит, Едмунд Фицџералд му се придружил на вториот брод за насипен товар што превезувал таконит, SS Arthur M. Anderson. До следниот ден, двата брода се нашле во силна бура на Горно Езеро со ветрови со сили блиски до ураган и бранови високи до 11 метри. Истиот ден, малку по 19:10 часот, бродот Едмунд Фицџералд ненадејно потонал во канадските води (Онтарио) на длабочина од 160 метри, приближно на 27 км од заливот Вајтфиш, близу збратимените градови Су Сент Мари, Мичиген и Су Сент Мари, Онтарио — растојание што Едмунд Фицџералд би го поминал за малку повеќе од еден час со најголема брзина.

Пред несреќата, капетанот Максорли остварил врска со капетанот Купер од бродот SS Arthur M. Anderson. Во една од пораките Максорли кажал дека на бродот му се расипале двата радара, брановите оштетиле два вентила за проветрување на баластните цистерни, во складишниот дел почнувала да навлегува вода и се појавил наклон кон десната страна. Максорли исто така споменал дека на палубата на бродот има некаква штета, иако не прецизирал каква точно, и дека наклонот не се намалува и покрај тоа што двете складишни пумпи работеле со полна моќност. Последната порака од капетанот Максорли (19:10 часот) до бродот Arthur M. Anderson гласела: „Засега се држиме“. Целиот екипаж од 29 души загинал, а телата не биле пронајдени.

Наводи

Надворешни врски

Image gallery I and Image gallery II of the SS Edmund Fitzgerald from Thunder Bay National Marine Sanctuary collection Images of the Edmund Fitzgerald from the Minnesota Historical Society The sinking of the SS Edmund Fitzgerald, November 10, 1975, from the University of Wisconsin Coverage as heard on WCCO Radio (Minneapolis) Yesterday's news, November 10, 1975: Edmund Fitzgerald reported missing from the Minneapolis Star Tribune Edmund Fitzgerald Online – Captain Ernest M. McSorley Edmund Fitzgerald – Great Lakes Shipwreck Museum

Категорија:Товарни бродови Категорија:Американски бродови