мини| Geranium lucidum - Природонаучен музеј на Тулуза Блескав здравец () — едногодишно тревесто растение од родот здравец. Потекнува од Европа, Западна Азија и Северна Африка. Во Северна Америка бил донесено како градинарско растение, а на некои места, особено на северозападниот дел на Пацификот, е натурализирано и се смета за инвазивен вид и плевел.

Опис Општи одлики и стебло Блескавиот здравец е едногодишно ароматично растение, голо или со ретки влакна, високо од 10 до 40 см. Растението е зелено, но обично поцрвенува. Стеблото е вертикално или придигнато, аглесто, светликаво и разгрането.

Листови Листовите се широки 2 до 5 см, тркалезни, тркалезно-бубреговидни или петаглести. Тие се за 1/2–2/3 насечени на 5 обратно-јајцевидно-клиновидни дела, кои на врвот завршуваат со 2 или 3 тапи заба. Базалните (кореновите) листови и долните стеблени листови се со многу долги дршки, додека горните стеблени листови се наспрамни и имаат покуси дршки. Прилисниците се копјести, со влакненца по работ.

Соцветие и цвет Цветовите се распоредени по 2 заедно, со дршки кои се долги колку чашката, а слична должина има и нивната заедничка дршка. Дршките на самите цветови, како и дршката на соцветието, се покриени со малубројни, лачно искривени влакна.

Чашка и венче Чашкините ливчиња се со должина од 5 до 7 мм, јајцевидни, со 3 крилести жили. Помеѓу жилите се забележуваат 2 до 4 брчки и широк ципест раб, а на врвот се заострени и завршуваат со кусо шиловидно врвче.

Венчето е светлорозово, а поретко може да биде и бело. Венечните ливчиња се долги 8 до 10 мм (за половина подолги од чашката), на врвот се тркалезни и имаат многу долг клиновиден дел.

Прашници и плод Прашниците се долги колку чашката или се малку подолги од неа, додека прашниковите конци (филаментите) се малку проширени кон својата основа. Плодните делови во горниот дел имаат хоризонтални брчки, а во долниот дел се одликуваат со мрежеста структура. Семките се светлокафеави и мазни.

Живеалиште Блескавиот здравец е чест на варовнички карпи и ѕидови, како и во црковни дворови покрај патишта, брегови, градини и гола земја; напредува на варовничка или песоклива почва. Исто така е честа појава на кисели почви и засенчени брегови. Растението има добри способности за расејување бидејќи семето експлозивно се исфрла од капсулата, што му овозможува на да се движи по падините и да ги користи пукнатините во стеблата на дрвјата и вдлабнатините во ѕидовите што се повисоки од матичното растение.

Распространетост мини|Блескав здравец на ѕид во Велс Блескавиот здравец е домороден во Европа, Азија, па сè до Хималаите и Северна Африка. Ова растение е вообичаено во Велика Британија и Ирска,Clapham, A.R.; Tutin, T.G.; Warburg, E.F. 1968. Excursion Flora of the British Isles (Second Edition) Cambridge University Press. особено на југозапад и запад, но ретко во Шкотска. Се наоѓа на надморска височина до 600 метри. Се одгледува како градинарско растение во делови од Соединетите Американски Држави и е натурализирано во северозападниот дел на Пацификот.

Подрачја на природна распространетост на видот се: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Евроазија Албанија, Австрија, Балеарски Острови, Балтички Острови, Белгија, Бугарија, Корзика, Кипар, Чехословачка, Данска, Источноегејски Острови, Финска, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Индија, Иран, Ирак, Ирска, Италија, Крит, Крим, Либан-Сирија, Непал, Северен Кавказ, Норвешка, Пакистан, Палестина, Португалија, Романија, Сардинија, Саудиска Арабија, Сицилија, Јужноевропска Русија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Закавказје, Турција, Европска Турција, Туркменистан, Украина, Западни Хималаи, Југославија. Африка Северна Африка Алжир, Либија, Мароко, Тунис Макаронезија Мадеира

Македонија Блескавиот здравец е широко распространето растение на територијата на целата Македонија на надморска височина сè до 1.200 м, а во одредени случаи и до 1.500 м.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Здравец Категорија:Флора на Македонија