Aconitum lamarckii е вид на тревесто цветно растение од родот јадич, Aconitum, во семејството лутичиња, Ranunculaceae. Потекнува од Европа и понекогаш се одгледува во градини во умерени зони поради неговите впечатливи цветови. Цвета од рано до доцно лето со жолти цветови создадени на високи, тенки, донекаде опуштени стебла.
Опис Стеблото во основа е со кус здебелен ризом. Вертикално е, високо до 140 см, неразгрането, во долниот дел со куси влакненца. Листовите се длабоко насечени на 3-5 дела. Соцветието е густо, со жолти цветови.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 98-99, МАНУ, Скопје, 1985
Во Македонија Во Македонија расте по високопланински пасишта и покрај грмучки. Познат е само за Шар Планина.
Етимологија Растението е именувано по францускиот природонаучник Жан Батист Ламарк.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Јадич Категорија:Флора на Македонија