Срповидно зајачко уво () — вид цветно растение од семејството на штитоцветните (Apiaceae). Присутно е во Европа и на Кавказот.
Опис Ова е многу полиморфно повеќегодишно растение, високо до 100 см, голо, со задрвенет и разгранет хоризонтален подземен дел, од кој вертикално се издигнуваат повеќе стебла; стеблото обично во горната половина разгрането, а во основата речиси нема остатоци од изумрени листови. Базалните листови со многу долги или покуси дршки; лисните ламини обратно-јајцевидни, елиптични, долгнавести до линејни, на врвот тапи или кусо заострени, со 5-7 паралени жили; стеблените листови копјести до линејни, приседнати, делумно го обвиваат стеблото, кусо заострени или постепено се стеснуваат кон врвот и често пати се срповидно искривени. Штитовите со 5-9 (12) тенки зраци со штитчиња; прицветниците 2-5, копјести до линејни, со различна должина, на врвот зашилени и обично со 5 жили. Штитчињата со 5-6 прицветничиња; тие се линејно-копјести, на врвот зашилени, со 3 жили и покуси од цветните и плодните дршки. Плодот е долг 3-6 мм, темнокафеав, со тесни крила по рабовите.
Лековитост Срповидното зајачко уво поседува антидепресивни својства посредувани преку серотоногенски и норадреналински системи (иако точниот механизам допрва треба да се најде).
Во Македонија Во Македонија ова растение расте по варовнички камењари, карпи и пасишта, до 2.100 м.
Се посочува за планината Осогово — Царев Врв (Урумов, 1923), Скопска Црна Гора (Групче, 1958), макар што отсуствува во хербариусмкиот материјал.
Подвидот falcatum е познат единствено за планината Караџица — Рада Планина над с. Патишка Река.
Мицевски („Флора на Република Македонија“) го посочува и подвидот cernuum, но тој денес е прекласификуван во видот високо зајачко уво (Bupleurum exaltatum).
Подвидови Three subspecies are accepted. Bupleurum falcatum subsp. corsicum — Корзика Bupleurum falcatum subsp. dilatatum — Словачка, Унгарија и Романија Bupleurum falcatum subsp. falcatum — од Франција до Кавказот и источна европска Русија, вкл. Македонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Зајачко уво Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година