Штит () — соцветие кое се состои од поголем број куси цветни дршки кои се шират од заедничка точка, како ребра на чадор. Латинскиот назив е воведен во 1590-тите, со значење „чадор“.umbel etymology Распоредот се движи од зарамнет до речиси полутопчест. Штитовите може да бидат прости или сложени. Малите секундарни штитови се нарекуваат штитчиња (umbellulae). Распоредот на соцветието во штитови може да биде штитест (умбелатен) или речиси штитест (субумбелатен). Штитот е пример за неограничено соцветие.
Штитовите се својствени на растенија како морковот, магдоносот, копарот и морачот во семејството на штитоцветните (Apiaceae); бршленот, аралијата (Aralia) и фатсијата (Fatsia) во семејството на аралиите (Araliaceae); и кромидот (Allium) во семејството на кокичињата (Amaryllidaceae).
Збиената цима, која е ограничено содветие, се нарекува штитовидна и личи на штит.
Галерија
Наводи
Категорија:Растителна морфологија Категорија:Штитовидни