Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна манастирска црква на Мороишкиот манастир во струшкото село Мороишта, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на крајниот источен дел од селото, недалеку од коритото на реката Сатеска. На тоа место отсекогаш имало ливада и 16 стари дабови дрвја.

Историја

На месноста Св. Спас имало остатоци од стара црква. Во 1918 и во 1973 година (според табла на самата црква, втората обнова била спроведена во 1969 година), црквата била обновена и сега тука се одржува голем народен собир. Првото подигнување на црквата во 1918 година било направено од родот Маџаровци, како што е запишано на самата натписна табла кај влезот во црквата.

Според други извори, новата црква на местото на првичната била завршена во 1994 година.

Црквата била осветена на 18 мај 1997 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевско г. Тимотеј.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна. Црквата поседува и други бројни придружни архитектонски објекти.

Црквата е во добра состојба, иако има несоодветно поставен клима-уред на јужната фасада.

Фрескоживопис

Sидното сликарство во нејзе било направено во периодот 1992-1997. Истото е во добра состојба.

Икони и иконостас

Во олтарот на црквата има 5 стари икони, каде што на две од нив се означени годините 1891 и 1893, но не се знае како дошле овие икони во црквата.

Во нејзе се наоѓа дрвен иконостас.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Четврта струшка парохија Мороишта

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Мороишта Категорија:Мороишки манастир