Consolida hellespontica е едногодишно растение кое припаѓа на родот Consolida од семејството лутичиња.

Опис Ова е едногодишно растение, со стебло високо 10-20 см, во горната половина разгрането. Листовите се со многу куси дршки. Соцветието е разретчен грозд.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 102, МАНУ, Скопје, 1985

Во Македонија Во Македонија расте варијантата subsp. macedonica, по плитките каменливи почви на варовник и андезит, и тоа во потоплите делови како Демир Капија и Дојранско.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија