Consolida orientalis е едногодишно растение кое припаѓа на родот Consolida од семејството лутичиња.
Опис Едногодишно растение високо до 100 см, покриено со прилегнати влакна. Долните листови се со дршки долги 4-5 см, а горните приседнати. Цветовите се собрани во ретко гроздовидно соцветие, цветните дршки се 3-9 мм долги.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 103, МАНУ, Скопје, 1985
Во Македонија Во Македонија расте по нивите, меѓите и по сувите тревести места, и се јавува во две варијанти:
subsp. orientalis - се среќава во Скопска Црна Гора, клисурата на реката Пчиња, Кожле, Кумановско, Пробиштипско, Кочанско и Дебарско.
subsp. phrygia - познато само за Демир Капија.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија