Anemonoides apennina (syn. Anemone apennina) е цветно растение од семејството лутичиња, Ranunculaceae. Тоа е ризоматозно повеќегодишно растение, по потекло од јужна централна Европа, кое го добило името по Апенинските Планини, но е широко натурализирано и на други места во Европа, вклучувајќи ги и Обединетото Кралство и Македонија.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 106, МАНУ, Скопје, 1985 Може да се помеша со Anemonoides nemorosa на која личи.

Опис Расте до 20 см во височина. Во рана пролет произведува единечни сини цветови над папратовото зеленило, кое венее во лето. Цветовите се со дијаметар од околу 3,5 см, со 10-15 тесни ливчиња. Листовите се со темнозелени ливчиња со 3 лобуси, назабени. Листовите се влакнести одоздола, по што ова растение може да се разликува од сличната Anemone blanda. Особено е ценет поради неговата способност да ги колонизира листопадните шуми, но се среќава и покрај грмушки, под дрвјата во парковите, и во близина на поранешни живеалишта. Ова растение ја добило наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.

Јадење Anemonoides apennina може да предизвика благи стомачни тегоби, а контактот со кожата може да предизвика иритација.

Во Македонија Во Македонија расте по рабовите на шумите, проретчените шуми и по грмушките во појасот на дабовите шуми до 1400 метри надморска височина. Ова е доста често растение.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа