Цуцулкеста млечна трева () — вид цветно растение од семејството млечни треви (Polygalaceae). Потекнува од умерениот појас на Евроазија, вклучувајќи го поголемиот дел од Европа, Турција, Кавказ, Сибир, делови од Средна Азија, Шјинџјианг и Монголија.
Опис Општи одлики Цуцулкестата млечна трева е повеќегодишно тревесто растение со висина од 10 до 20 см (поретко до 40 см). Во основата растението е разгрането со голем број вертикални цветни гранчиња кои најчесто се лачно искривени во долниот дел. Цветните гранчиња се неразгранети, а стебленцата се одликуваат со надолжни ребра. По површината на стеблото се забележуваат поретко распоредени, лачно искривени мали влакненца.
Листови Листовите се спирално распоредени по должината на стеблото. Според морфологијата се разликуваат: Базални листови — обично имаат обратно-јајцевиден облик, при што на самиот врв се тапи. Погорни стеблени листови — имаат линејно-ланцетен облик со заострен врв. Листовите се зелени и голи, освен по работ и на горната страна по должината на средната жила каде што има ретки, лачно искривени куси влакна.
Цвет и соцветие Соцветијата се со гроздовиден облик, поставени терминално (на врвовите од гранчињата) и се составени од 15 до 50 цветови. Младите соцветија имаат стожест облик со издолжен и заострен врв кој завршува со специфичен „перчин“ (цуцулка) составен од долги прицветници (брактеи). Брактеи и брактеоли: Брактеите се со должина од 2,2 до 5 мм и се подолги од цветните дршки и од самите цветни пупки. Имаат линеен облик, на врвот се заострени и обично се задржуваат за време на цветањето, а дури потоа отпаѓаат. Брактеолите се ланцетни, подолги од цветната дршка и имаат ципеста текстура. Чашкини ливчиња: Горното ливче на чашката не е грбесто или лачно искривено и има должина од околу 3 мм. Двете долни чашкини ливчиња се со исто толкава должина. Крилца: Имаат должина од 4 до 6 мм (поретко до 8 мм) и се широко елиптични, со кусо заострен врв. Долги се речиси колку венчето и имаат 3 јасни зелени жили кои се особено воочливи кај развиените плодови. Венче: Најчесто е обоено сино-виолетово до розе-виолетово. Венечните ливчиња само малку се појавуваат (штрчат) помеѓу крилцата.
Плод Плодот е кутија (капсула) со обратно-срцевиден облик. Има должина од 5 до 6 мм и широчина од 4 до 5 мм. Кутијата е долга колку цветните крилца или е малку покуса од нив. Се развива на мала дршка со должина од околу 1 мм и се одликува со тесен крилест раб широк околу 0,3–0,4 мм.
Живеалиште Овој вид расте на брдски и планински пасишта, по ливади, во заедници со грмушести растенија, во ретки дабови шуми, како и по самите рабови на шумите. Вертикалното распространување на стаништата достигнува до 1.800 метри надморска височина.
Распространетост Подрачја на природна распространетост на видот се: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Европа Северна Европа Финска, Шведска Средна Европа Австрија, Белгија, Чешка, Словачка, Германија, Унгарија, Холандија, Полска, Швајцаија Југозападна Европа Франција, Шпанија Југоисточна Европа Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Европска Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија, Словенија Источна Европа Белорусија, Балтички Држави, Крим, Средноевропска Русија, Источноевропска РУсија, Североевропска РУсија, Украина Азија Сибир Алтај, Бурјатија, Чита, Иркутск, Краснојарск, Тува, Западен Сибир, Јакутија Руски Далечен Исток Хабаровск Средна Азија Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан Западна Азија Турција Кина Шјинџјианг Монголија Монголија
Македонија Во Македонија видот е широко застапен и е евидентиран на голем број месности од страна на повеќе македонски истражувачи: Скопски Регион: Скопска Црна Гора. Шарпланински Масив: Шар Планина (Попова Шапка и Љуботен). Западна Македонија: Планина Дешат (по падините на Крчин над с. Битуше) и клисурата на Мавровска Река. Тиквешки и Прилепски Регион: Кавадарци (месности с. Мајден и с. Мрежичко) и Прилеп (планина Козјак и Плетвар). Пелагониски Регион: Битола (с. Смолево). Југозападна Македонија: Охрид (с. Пештани), планина Галичица и Војтина Планина.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Узбекистан Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Швајцарија Категорија:Флора на Шведска Категорија:Флора на Шпанија Категорија:Флора на Русија Категорија:Флора на Романија Категорија:Флора на Полска Категорија:Флора на Монголија Категорија:Флора на Киргистан Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Унгарија Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Германија Категорија:Флора на Франција Категорија:Флора на Финска Категорија:Флора на Словачка Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Белгија Категорија:Флора на Белорусија Категорија:Флора на Литванија Категорија:Флора на Латвија Категорија:Флора на Австрија Категорија:Флора на Албанија Категорија:Млечна трева (род) Категорија:Флора на Македонија