thumb|The Merrimaker — дајв-бар сместен во градот Лос Осос, во сојузната држава Калифорнија, САД
Дајв-бар () — мала едноставна крчма, често со еклектично уредување во старомоден стил. За дајв-баровите се одликуваат ниските цени на пијалаците, пригушеното осветлување, оштетениот или застарен декор, неонските реклами за пиво, продажбата на пакувано пиво, услугата само за готовина и постојаните гости од редот на месното население. Не постои единствено мислење за точната определба на дајв-барот, и ова прашање често предизвикува живи расправи. Поимот „дајв“ (од англ. — „потопува/урнува“) за првпат се појавил во американскиот печат во 1880-тите за опишување на сомнителни локали, често сместени во визби, во кои човек морал да „се спушти/урне“. Во некои земји од Западна и Северна Европа, дајв-баровите се познати под имињата „кафеав бар“ или „кафеав паб“, на пример, „bruine kroegen“ на холандски јазик и „brun bar“ или „brun pub“ на норвешки.
Опис Порано сметан за погрдeн, поимот „дајв-бар“ подоцна станал знак на препознавање за посетителите што бараат „автентичност“ во ваквите локали. Редовните гости можат да го опишат барот како „многу дајвовски“ или „недајвовски“ и да составуваат скали за оценување на „дајвовоста“. Еден од таквите обожаватели е Стив Венсен, основач на калифорниската група DBC (Dive Bar Conoisseurs — „Познавачи на дајв-барови“), кој вели: „Секој дајв-бар е уникатен како снегулка: разновиден и неповторлив… секогаш доаѓате во допир со месната поткултура, и секојпат тоа е авантура“. Писателот Тод Дејтон го напишал следново: „Дајв-баровите се како порнографијата: тешко е да се определат, но ги препознавате кога ќе ги видите“. Што се однесува до разликата помеѓу дајв-барот и обичниот бар, Дејтон пишува:
За мене, идеалниот дајв-бар е локал што го води крупен маж по име Френк, каде што мирисот на вчерашното пиво сѐ уште лебди во воздухот, а вашата потрага по чисти тоалети (или тоалетна хартија, во тој поглед) ќе остане вечно без одговор. Едно шише „Бад“ чини два долари, една чашка „Џек“ — три, а Pabst Blue Ribbonсе се послужува во лименки. На надворешната табла пишува „Бифтеци, вечери, коктели“, но тука не се послужува храна откако претседател бил Франклин Рузвелт. Доминантни декоративни елементи се црвениот Naugahyde, формика во боја на дрво и бетонски блокови.
Дајв-баровите вложуваат минимален труд неопходен за да им обезбедат пијалаци на гостите; односно тие обично не рекламираат, не обезбедуваат паркинг и немаат впечатливи табли. Дајв-баровите не се познати по својата храна. Често не нудат ништо друго освен грицки. На пример, во 2018 г., посетител на познат дајв-бар во Нешвил известил дека видел рачно напишано мени залепено на фрижидерот, на кое биле наведени само свински чварки, пуканки, кикирики и загреани во микробранова печка корн-доги (1 американски долар). Тоалетите во дајв-баровите се познати по својата запуштеност и можат да имаат кабина со завеса за туширање. Вистинските дајв-барови обично прифаќаат само готовина. Зад шанкот често работи сопственикот или некој од членовите на неговото семејство. Во дајв-баровите обично можат да се сретнат муштерии од сите општествени слоеви, вклучително и некои мештани што пијат таму веќе неколку децении.
Во периодот на Пандемијата на КОВИД-19 во раните 2020-ти години, баровите и угостителските објекти во американските градови биле затворени, па многу сопственици на дајв-барови го искористиле ова време за да направат реновирање и чистење. Рик Добс, автор на книгата Local Spirit: Neighborhood Bars of Orleans Parish, објавена во 2019 г., напишал: „Дајв-барот сосема добро може да се доведе во ред, но тој сепак ќе остане дајв-бар... главното е карактерот и атмосферата на местото“.
Наводи
Категорија:Угостителство