300px|мини|Прогимназија во „Провиденс“ (САД) Прогимназија е степен на образование што се наоѓа меѓу основното образование и средното образование. Таа обично ги опфаќа учениците во раната адолесцентна возраст и претставува преоден степен од основното кон средното образование. Организацијата, возраста на учениците и бројот на одделенијата се разликуваат во зависност од образовниот систем.

Во различни земји за овој степен се употребуваат различни називи, како прогимназија, нижа гимназија, ниско средно училиште или средно училиште. Во англиското говорно подрачје најчести називи се middle school и junior high school. За разлика од прогимназијата која најчесто е четирикласна, класното училиште можело да има и помал број на класови. Во Македонија, образовниот степен што приближно одговара на прогимназијата е интегриран во основното образование и ги опфаќа последните три одделенија, односно VII, VIII и IX одделение.

Категорија:Образовни степени