Лоботомија (од — „дел“ + τομή — „сечење“) — застарен вид хируршки зафат, форма на психохирургија, неврохируршка операција при која еден од деловите на мозокот (челниот, темениот, слепоочниот или тилниот) се отсекува или се раздвојува од другите области на мозокот.Торн Б. М. Лоботомия // Корсини Р., Ауэрбах А. Психологическая энциклопедия . СПб.: Питер, 2006. — 1096 с. Префронталната лоботомија е вид лоботомија што подразбира делумно отстранување на челните резени Последица од ваквиот зафат е исклучувањето на влијанието на челните резени на мозокот врз останатите структури на централниот нервен систем, што главно се изразува во абулија.
Исто така се употребува и поимот леукотомија (од λευκός — „бел“ + τομή — „сечење“).
По префронталната лоботомија, на пациентот му се поставувало доживотна дијагноза „синдром на челен резен (шифра F07 според МКБ-10)“.
Во денешно време оваа постапка е забранета и не се изведува легално во ниту една земја во светот.
Историја Лоботомијата за првпат ја извел португалскиот лекар Антонио Егас Мониз. Меѓу другото, тој бил вдахнат од невролошкиот конгрес во Лондон, на кој во 1935 г. Карлие Џејкобсон и Џон Фултон ги претставиле резултатите од хируршкото прекинување на нервните врски помеѓу челните резени и лимбичкиот систем на мајмунче. На тој начин тие значајно ги ограничиле неговите агресивни пројави. Мониз уште на конгресот го поставува прашањето зошто да не се лекуваат душевните болести хируршки и кај луѓето.
Потоа Мониз извел опит со дваесет пациенти, од кои дел оперирал со инјекција со алкохол, а дел со посебен скалпел за изведување лоботомија. Првата чисто хируршка верзија на зафатот ја извел на 27 декември 1935 г., кога прекинал дел од нервните патишта во белата и сивата мозочна материја со помош на леукотом (посебен скалпел што се извлекува од шуплива игла). Оваа операција нејзините автори ја означиле како „префронтална леукотомија“, а самата хируршка поправка на човечката психа како „психохирургија“. Според Мониз, од дваесетте пациенти со помош на лоботомијата седум биле целосно излекувани, седум почувствувале делумно подобрување, а преостанатите шест останале без промени.
Откако резултатите во 1937 г. ги објавил во American Journal of Psychology, тој го отворил патот на лоботомијата преку океанот. Таму ја прифатиле двајца хирурзи, Волтер Фриман и Џејмс Вотс. Тие операцијата ја изведувале со остар шилест инструмент, со кој навлегувале во мозокот веднаш над очното јаболко преку коската на очната дупка. Со помош на трансорбиталната лоботомија, како што ја нарекле техниката, Фриман и Вотс кај тревожните и депресивни пациенти забележале слични резултати како Мониз. Операциите добиле значително медиумско внимание. Се проценува дека во периодот меѓу 1936 и 1978 г. биле изведени 35 илјади лоботомии. По откривањето на антипсихотиците по 1950 г., бројот на извршени операции значително се намалил.
Во 1949 г., Антонио Егас Мониз бил одликуван со Нобелова награда за откривањето на лоботомијата и воспоставувањето на неврохирургијата.
Критика Лоботомијата уште од самиот почеток била остро критикувана од страна на некои невролози. Имено, кај 30 % од пациентите се појавиле усложнувања во вид епилептични напади. Исто така, имало и случаи на смрт, пукнати крвни садови, а кај мнозинството пациенти се промениле личните својства и карактерот (потиштеност, апатија, губење на животната енергија). За лошиот углед на зафатот придонел и самиот Фриман, кој патувал низ САД, изведувајќи и по 25 операции дневно. Тој премногу не се замарал со изборот на своите пациенти, не ги стерилизирал инструментите и дури ниту ги покривал пациентите со операциони чаршафи.
Неа ја подложиле и тогаш 23-годишната Розмари Кенеди, членка на истакнатото семејство Кенеди (и сестра на идниот претседател на Соединетите Држави Џ. Ф. Кенеди), чии родители сакале да ја ослободат од нејзината „прекумерна импулсивност и безобразност“. Од жива млада жена, по зафатот таа станала личност со душевно ниво на двегодишно дете, не била способна да оди или да зборува и мокрела во кревет. Семејството ја отстранило во институционална грижа во изолација.
Лоботомијата разбудила расправа на тема медицинска етика. Според тврдењата на шефот на неврохируршката клиника при Централната воена болница во Прага, проф. д-р Владимир Бенеш, кон завршувањето на третманот со лоботомија во САД значајно придонел и филмот на режисерот Милош Форман, Лет над кукавичјото гнездо.
Наводи
Надворешни врски
My Lobotomy Radio story: Interview with Sallie Ellen Ionesco, lobotomised in 1946 Mental Cruelty: Sunday Times article on lobotomy and contemporary psychosurgery Lobotomy's back: Discover article on cingulotomy 'My Lobotomy': Howard Dully's Journey. NPR Radio Documentary A Qualified Defence of 'Then': QJM Ten Notable Lobotomies Nobel Panel Urged to Rescind Prize for Lobotomies The Lobotomists
Категорија:Хируршки постапки Категорија:Историја на психијатријата