Vinca herbacea, е цветно растение по потекло од Источна Европа.

Опис Vinca herbacea е тревесто повеќегодишно растение кое расте како влечна лоза, се шири по земјата и се вкоренува по стеблата формирајќи клонски колонии, растејќи од 10 до 20 см во висина. Листовите се спротивни, ланцетни,долги од 1 до 5 см и до 2 см широки, имаат сјајно зелена боја и речиси неподвижно само многу кратко стебленце. Листовите мрзнат.

Цветовите се појавуваат кон крајот на летото, тие се сино-виолетови по боја или повремено бели, 2,5 см - 3,5 см дијаметар, со петлобусен околуцветник.

Распространетост и живеалиште Растението е по потекло од источна и југоисточна Европа, од Австрија на југ до Грција, и на исток до Крим, а исто така и во северна Западна Азија, во планините Кавказ и Алборц, главно во степски живеалишта. Расте по суви тревести места, покрај ниви, на камвари, брдски пасишта, покрај грмушки, во дабови шуми, најчесто на варовичка подлога, до 1100 м. Во Македонија е забележано на Водно, клисурата на реката Треска, Мариово и сл.

Одгледување Vinca herbacea повремено се одгледува како украсно растение во градини со умерена клима, како растение за карпести градини.

Наводи

Надворешни врски

Хаксли, А., ур. (1992). Нов речник за градинарство на RHS 4: 664–665. Мекмилан. Hlasek.com: фотографија

Категорија:Флора на Сирија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Романија Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Австрија Категорија:Флора на Европа Категорија:Ползавци Категорија:Флора на Македонија