Ranunculus incomparabilis — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по влажни и засенчени пукнатини на карпите во субалпскиот и алпскиот појас. Познат е за Пелистер, околината на Големо и Мало Езеро, Јакупица со Салаковските Езера и околу манастирот Трескавец.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 135, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение со тенки и кончести и цилиндрично задебелени корења. Стеблото е високо 5-20 см, Цветните дршки во горниот дел се со прилегнати влакна. Цветовите поединечни, ретко по два, 15-18 мм во пречник, жолти. Чашкините ливчиња се голи.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа