Ranunculus sprunerianus — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по варовнички камењари, карпи и брдски пасишта на варовничка подлога. Се среќава во клисурите на Вардарскиот слив, потоа во Велешко, Штипско, Дојранско и Прилепско.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 135, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение, влакнесто и речиси голо. Корењата се тенки или цилиндрични задебелени. Стеблото е разгрането во горната половина. Цветовите во пречник изнесуваат 20-25 мм. Чашкините ливчиња се вланести, прилегнати кон венчето.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа