Теодор Сведберг (30 август 1884 – 25 февруари 1971) — шведски хемичар и добитник на Нобелова награда за неговото истражување на колоиди и протеини со употреба на ултрацентрифуга. Сведберг бил активен на Упсалскиот универзитет од средината на 1900-тите до крајот на 1940-тите. Додека бил во Упсала, Сведберг започнал како доцент пред да стане раководител на универзитетот по физичка хемија во 1912 година. Откако ја напуштил Упсала во 1949 година, Сведберг бил раководител на Институтот „Густаф Вернер“ до 1967 година. Освен што ја добил Нобеловата награда во 1926 година, Сведберг бил именуван за странски член на Кралското друштво во 1944 година и станал дел од Националната академија на науките на САД во 1945 година.

Животопис Сведберг бил роден во Валбо, Шведска на 30 август 1884 година. Негови родители биле Аугуста Алстермарк и Елијас Сведберг. Додека растел, Сведберг уживал во ботаниката и другите гранки на науката. Додека бил во гимназија, Сведберг спроведувал индивидуални лабораториски истражувања и изведувал научни прикази. За неговото високо образование, Сведберг се запишал на програма по хемија на Упсалскиот универзитет во раните 1900-ти. Дипломирал во 1905 година, магистрирал во 1907 година, а во 1908 година докторирал.

Кариера Додека бил во Упсала, Сведберг ја започнал својата научна кариера во 1905 година како помошник хемичар на универзитетот. Откако станал доцент по хемија во Упсала во 1907 година, тој станал раководител на универзитетската физичка хемија во 1912 година. За време на неговиот академски мандат, Сведберг останал во Упсала до 1949 година. Во раните 1920-ти, тој привремено предавал и на Висконскиот универзитет. Откако ја напуштил Упсала, Сведберг го водел Институтот „Густаф Вернер“ од 1949 до 1967 година.

Истражување Работата на Сведберг со колоиди ги поддржувала теориите за Брауново движење изнесени од Алберт Ајнштајн и полскиот физичар Маријан Смолуховски. За време на оваа работа, тој ја развил техниката на аналитичко ултрацентрифугирање и ја прикажал нејзината корисност во разликувањето на чистите протеини еден од друг.

Награди и почести Единицата сведберг (симбол S), единица за време што изнесува 10−13 s или 100 fs, е именувана по него, како и Сведберговата лабораторија во Упсала.

Кандидатурата на Сведберг за Кралското друштво гласи:

Сведберг бил избран за меѓународен член на Американското филозофско друштво во 1941 година. Откако станал странски член на Кралското друштво во 1944 година, Сведберг бил именуван во Националната академија на науките во 1945 година. Тој бил избран во Американското филозофско друштво во 1948 година. Од 1910-тите до 1920-тите, Сведберг трипати ја добил Бјеркенската награда од Упсалскиот универзитет за неговиот придонес во науката во Шведска. Од Институтот „Франклин“, Сведберг го добил медалот „Франклин“ во 1949 година за неговата работа со ултрацентрифугата.

Смрт и личен живот На 25 февруари 1971 година, Сведберг починал во Копарберг, Шведска. Бил во брак четири пати и имал вкупно дванаесет деца. Неговата вдовица починала во 2019 година. Тој бил лутеран.

Наводи

Категорија:Членови на Кралското научно друштво во Упсала Категорија:Странски членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Апсолвенти на Упсалскиот универзитет Категорија:Шведски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за хемија Категорија:Шведски хемичари Категорија:Починати во 1971 година Категорија:Родени во 1884 година Категорија:Статии со hCards