Ranunculus wettsteinii — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по сипари и камењари. Познат само за планината Кораб, на 2300 метри надморска височина.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 142, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение високо 4-15 см. Ризомот во основа луковичесто здебелен. Стеблото голо или со долги расперени влакна. Цветовите 10-15 мм во пречник, групирани во штитовидни соцветија.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа