Ресичестолисно лутиче (науч. Ranunculus trichophyllus) е растителен вид од родот Ranunculus, по потекло од Европа, Азија и Северна Америка.

Тоа е тревно едногодишно или повеќегодишно растение кое генерално се наоѓа во потоци кои течат бавно, во бари или езера. Цветовите слични на маргаритки, бели со жолт центар, со пет ливчиња. Сличен е по форма на Ranunculus fluitans, освен бројот на цветни ливчиња. Сегментираните лисја и способноста на растението за фотосинтеза под вода се проучуваат.

Распространетост и живеалиште Расте во поголемиот дел од северната хемисфера, од Соединетите Американски Држави, Европа и Медитеранот, источно преку Сибир, Кавказ, Блискиот Исток, Хималаите, Казахстан и Монголија до Камчатка во Русија, како и во Јапонија, Кина и Кореја . Се наоѓа дури и во езерата и барите на Монт Еверест.

Во Македонија расте по мирни води богати со хранливи материи, и претставува многу често растение. Масовно се развива на крајбрежјето на Охридско и Преспанско Езеро, Струшко БЛато, Скопско, Кочанско, Струмичко, Гевгелиско, Прилепско, Битолско, Демирхисарско, на Кожуф и на други места. Денес е многу поограничено распространувањето на овој вид.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 143, МАНУ, Скопје, 1985

Наводи

Категорија:Флора на Кина Категорија:Флора на Јапонија Категорија:Флора на Русија Категорија:Флора на Монголија Категорија:Флора на Казахстан Категорија:Флора на Непал Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на САД Категорија:Флора на Обединетото Кралство Категорија:Растенија опишани во 1786 година Категорија:Лутиче Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија