Urtica pilulifera е тревесто едногодишно цветно растение од семејството коприви Urticaceae.
Опис Едногодишно еднодомно растение, високо до околу 60 сантиметри. Листовите се долги 2-6 см, јајцевидни, на врвот завршуваат со долг заб, а по работ се напилени. Соцветијата се еднополни, покуси од листовите, женските цветови се групирани во топчести соцветија.
Распостранетост Urtica pilulifera потекнува од земјите околу Медитеранот и источно на Арапскиот Полуостров и Иран. Воведен е во Белгија, Германија и Велика Британија. Повеќе не се наоѓа во Британија.
Во Македонија е многу ретко растение, кое расте по ѓувришта и покрај ѕидишта во потоплите подрачја, Познато е за Дојран, Валандово и Охрид.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Коприва Категорија:Флора на Македонија