Parietaria officinalis е растение од семејството коприви, сепак, неговите лисја не предизвикуваат пецкање. Растението расте на ѓубре и на ѕидови.
Поленот на ова растение е причина за алергии.
Опис Ева е многугодишно растение високо 30-50 см. Стеблото е вертикално, ретко слабо разгрането, густо влакнесто, со влакна извиткани нагоре. Листовите се ланцетни, елиптични, на врвот заострени, во основата клиновидни, 5-10 см долги. Цветовите се собрани во густи топчести соцветија по должината на стеблото.
Во Македонија Во Македонија расте по шумите на хумусни почви богати со нитрати, како и по влажни почви, до 700 метри надморска височина. Ова е често и широко распространето растение, познато за околината на Скопје, Велес, Кочани, Струмица, клисурите на еките Пчиња, Треска и Тополка, Таорска Клисура и други места.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија