Urtica urens е тревест едногодишен цветен вид на растение од семејството коприви, Urticaceae. Потекнува од Евроазија, вклучувајќи ги хималајските региони Калимпонг, Дарџилинг и Сиким во Индија, а може да се најде во Северна Америка, Нов Зеланд и Јужна Африка како воведен вид. Се вели дека пече посилно од обичната коприва, Urtica dioica.

Опис Urtica urens е едногодишно растение, еднодомно (со машки и женски цветови на истото растение) и генерално многу пократко. Може да се разликува од повеќегодишната и дводомната обична коприва по своите позаоблени листови со погруби, подлабоки назабеност и со терминален заб со слична должина како соседните заби. Долните листови се пократки од нивните подолги стебла и имаат само влакна што пецкаат.

Распространетост Автохтоната распространетост на Urtica urens вклучува поголем дел од Европа освен Британските Острови, северна Азија, северна и северозападна Африка. Воведен вид е на сите други континенти во светот освен на Антарктикот.

Во Македонија претставува рудерално растение, кое се развива на почви екстремно богати со нитрати, и тоа по ѓубришта, покрај ендеци, по ѕидишта посебно во селските населби. Познат е за Кумановско, Скопско, Прилепско, Кочанско, Охридско, Шар Планина и Осогово.

Наводи

Надворешни врски

Jepson Manual Treatment Photo gallery

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Коприва Категорија:Флора на Македонија