thumb|Тор се обидува да ја улови Светската Змија. Исландски ракопис од XVII век Јормунганд (, — „огромно чудовиште“), исто така познат како Мидгардсорм (ст.норд. Miðgarðsormr — „Змијата на Мидгард“, „Светска Змија“) — морска змија од германско-скандинавската митологија. Тој е втор син на Локи и џинот АнгрбодаDekirk, Ash. Dragonlore: From the Archives of the Grey School of Wizardry, Career Press, 2006, p. 202.Wagner, W. Asgard and the Gods: The Tales and Traditions of Our Northern Ancestors, Kessinger Publishers, 2004, p. 54. и претставува пандан на грчкиот уроборос.
Според „Прозната еда“, Один му ги зел тројцата деца на Локи — Фенрир, Хел и Јормунганд, кој го фрлил во океанот што го опкружува Мидгард.Снори Стурлусон, Прозна еда (Измамата на Гулви), гл. 51, стр. 109. Змијата пораснала толку голема што ја обиколила целата Земја и го гризнала сопствениот опаш. Поради тоа, Јормунганд го добил прекарот „Змијата на Мидгард“ или „Светскиот Змеј“. Согласно митолошките извори, во последната битка помеѓу боговите и чудовиштата (Рагнарок), Мидгардсорм и Тор, како вечни противници, ќе се уништат меѓусебно.
Митови Зачувани се три мита што ги опишуваат средбите помеѓу Тор и Јормунганд во скандинавската митологија.
„Кревање на мачката“ За првпат Тор ја сретнал змијата во облик на гигантска мачка, во која го претворил Утгарда-Локи. Една од задачите што Тор ги добил од Утгарда-Локи била да ја крене мачката. Се разбира, Тор не успеал да го крене целото чудовиште. Сѐ што успеал било да ја натера привидната мачка да подигне една шепа од подот. Меѓутоа, дури и тоа Утгарда-Локи го нарекол најголемо дело кога ја открил измамата.
Ова предание се среќава само во „Прозната еда“.
„Риболовот на Тор“ Следната средба се случила кога Тор отишол на риболов со џинот Хумир. Џинот не сакал да го земе Асот со себе, одбил да му обезбеди мамка за риба и не сакал да весла. Тогаш Тор го убил најголемиот бик од стадото на Хумир, ја зел биковата глава како мамка и рекол дека сам ќе седне да весла. Хумир морал да го земе Тор со себе на море.
По извесно време, Хумир рекол дека забегале премногу далеку и дека понатамошното пловење станува опасно поради Светската Змија, но Тор продолжил да весла. Хумир бил многу незадоволен од тоа, и ете, конечно Тор застанал.
Тор подготвил цврста прачка и голема кука, на кој ја закачил главата од бикот — и Јормунганд се фатил на мамката. Чувствувајќи како куката му се забива во непцето, Мидгардсорм се тргнал толку силно што тупаниците на Тор удриле во рабовите на чамецот. Тор се подготвил за долготрајна борба, но дното на чамецот не издржало и се пробило. Тогаш Тор се потпрел непосредно со нозете на морското дно и ја повлекол Светската Змија до самиот раб на чамецот. Асот и Светската Змија се гледале меѓусебно со омраза, а отров капел од устата на Јормунганд.
Тор сакал да ја убие змијата со својот чекан, но Хумир ја пресекол прачката што се протегала преку бокот на чамецот, и змијата потонала во морето. Тор го фрлил Мјолнир по змијата и, според приказните, дури му ја разбил главата. Но како и да е, змијата сѐ уште е жива и лежи на дното од морето.
Митот за оваа средба е мошне популарен во староскандинавската уметност.
„Последната битка“ Нивната последна средба ќе се случи за време на Рагнарок, кога Јормунганд ќе излезе од океанот и ќе го отруе небото. Тор ќе му ја отсече главата на Јормунганд, но ќе успее да се повлече само девет чекори — потокот од отров од устата на мртвото чудовиште ќе го убие.
Извори Главни извори на митовите за Јормунганд се Прозната еда, Хусдрапа, Хумисквида и Пророштвото на пророчицата.
Помалку значајните извори вклучуваат кенинг во скалдиската поезија. На пример, во Торсдрапа, Локи се споменува во кенингот како faðir lögseims, „татко на морската нишка“.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Митски змии Категорија:Германска митологија