Geum montanum — вид цветно растение од родот Geum во семејството Rosaceae, домородно на планините на Средна и Јужна Европа.
Опис Повеќегодишно тревесто растение со дебел ризом, кој во горниот дел е со остатоци од изумрени листови и е без столони. Цветните стебленца 5-10 цм високи, а со разрасрувањето достигнуваат и до 30 цм височина.Базалните листови формираат розета, перести со неколку парови ливчиња, кои од основата на листот кон врвот се се поголеми а најголемото е терминало ливче. Страничните листовите плитко насечени обично на 3 дела, а деловите се со тапи запци. Терминалото ливче круглесто јајцевидно, околу 6 цм во пречник, плитко насечено на неколку дела, а тие пак на помали делчиња, неправилно и тапо назабени. Листовите од обете страни со ретки прости и жлездести влакна, а по целата должина сраснати со основата на лисната дршка како ракавец. Стеблените листови многу мали и длабоко пересто насечени на линејни делови, а во основата сраснати со лисната дршка. Кај базалните листови прилисниците сраснати по целата должина со лисната дршка како ракавец. Цветното стебленце и лисните дршки со густи, куси и ретки влакна и со ретки или без жлездести влакна. Цветовите поединечни, крупни, 2-3 цм во пречник. Чашката и венчето 5-6 члени. Чашкините ливчиња јајцевидно-ланцетни, со заострен врв и густо влакнести. Ливчињата на епикаликсот потесни за 1/2 или 1/3 помали од ливчињата на чашката. Венечните ливчиња понекогаш во поголем број од 6, широко-обратно-јајцевидни до круглести, интензивно жолти, 10-15 мм долги. Прашниците и карпелите во голем број. Оревчињата и долгите до 3 цм столпчиња влакнести.
Распространетост Geum montanum е широко распространет во Алпите, обично на надморски височини во опсег од 1430–2300.м (иако се јавува на само 700м во Чентовали како и на 3500м во Монте Роса). Може да се најде во Пиринеите, Кантабриските Планини, Централниот Масив, Шварцвалд, Судетите (1300–1400 г.)м), низ Карпатите (900–2500м во Татрите), на север од Апенините, на островот Корзика и на Балканскиот Полуостров: во планините на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово (поточно во Жљеб и Проколетие), северна Грција (2000–2500 г.)м во Варнуш, Кајмакчалан и Кожуф), на исток од Србија (Сува Планина) и западно од Бугарија (на надморска височина од 1600–2700м во западна и централна Стара Планина, Средна Гора, Витоша, Осоговски Планини, Рила, Пирин, Славјанка и западните Родопи).
Распространетост во Македонија Широко распространето растение по сите планини на територијата на Македонија.
Употреба Во Велика Британија, Geum montanum ја добило наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.
Корените од растението се користат во традиционалната австриска медицина внатрешно како чај за лекување на ревматизам, гихт, инфекции и треска.
Наводи
Категорија:Флора на Алпите Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Романија Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Македонија