мини|280пкс|Војник од Арапската легија меѓу урнатините на синагогата Хурва со сквернавен свиток на Тората, Ерусалим, мај 1948 г.Сквернавење ( — , десакрализација, лишување од статусот на сакрално на она што претходно било свето) — изобличување или обезвреднување на нешто. За разлика од светотатството — кое претставува намерно сквернавење — самото сквернавење, како правило, претставува ненамерно дејство. Еден од најизразитите примери на сквернавење е стихијниот процес на заземање црковни земји и имот од страна на световното племство со лутеранска и калвинистичка вероисповед што се одвивал за време на реформацијата во Полска.
Во религијата, сквернавењето претставува симнување на некој свет предмет на ниво на обичен предмет, изразено преку користење на истиот за приватни потреби. На пример, во јудаизмот, употребата на маслото за помазание, изработката на исто такво масло или подготовката на храмовите мирисни зачини надвор од храмот Библијата ги смета за чин на сквернавење, кој повлекува казнување со карет.Исход, 30, 33, 38 Сите предмети што се поврзани со храмот: садовите што се користеле во жртвениот ритуал, жртвата, свештеничките облеки, зградата на храмот — сето тоа се смета за свето, па затоа нивното користење за секојдневни цели е забрането. Но оваа забрана се однесува само на оние работи што веќе биле употребени за свети цели. „Веста на Севишниот, — вели Тосефта, — сѐ додека не била искористена за Севишниот, човекот може да ја зема за употреба, но штом еднаш била искористена за Севишниот, човекот повеќе не смее да ја користи“.Тосефта Мегилах, III, 5
Во современа смисла, под сквернавење најчесто се подразбира изобличување (понекогаш намерно) на првичното разбирање или сфаќање на некоја идеја.
Примери Босна и Херцеговина Кампањата за етничко чистење што се одвивала низ подрачјата што ги контролирала Војската на Република Српска (ВРС) ги земала за цел босанските муслимани, а вклучувала и уништување на муслиманските места за богослужба.ICTY; "Karadzic indictment. Paragraph 19"http://www.icty.org/x/cases/mladic/ind/en/kar-ii950724e.pdf
Литература
Профанация // Еврейская энциклопедия Брокгауза и Ефрона. — СПб., 1908–1913. (руски)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филологија Категорија:Социологија Категорија:Религија