Занаетчиски дом, познат и како Занаетски дом или Занатски дом ― комерцијална, административна, и порано станбена зграда во Куманово, изградена во 1930 година.

Историја лево|мини|250п|Разледница од 1930-тите која во десниот дел ја прикажува зградата. Во 1923 година, била донесена одлука за основање на фонд за културно и економски обединување на занаетчиската младина. Иницијативата за неговата изградба потекнува од Занаетчискиот еснаф. Зградата била проектирана во 1924 година, од страна на архитектот Владимир Антонов. Во 1930 година, била изградена зградата, во време на светска економска криза.

Во периодот 1945-1990 година, делови од зградата биле користени од социјалистичките претпријатија (како што била „На-Ма“), а салата станала кино. За потребите на Архивот, во 1982 година, биле направени реконстукциски зафати со вметнување на елементи за негово зацврстување, но градбата во целина го има сочувано својот првобитен изглед.

Зградата била седиште на архивот до 2016 година, кога установата била преселена во поранешната зграда на АРМ. Истата година, градбата била обновена. Градбата добила статус на споменик на културата со Решението бр. 18-165 од 30 мај 2018 година.

Архитектура и особености Во приземјето има трговски дуќани наменети за занаетчиски активности и комуникација со јавноста. На прв кат е сместена голема сала за концерти, кино проекции и свечени настани. Салата имала висок плафон и галерии од три страни, што ја прави акустички и видливо впечатлива. На вториот кат се административни канцеларии, мала сала со летна тераса со балустради за културни манифестации, а во заден дел имало простории за домување кои подоцна биле пренаменети во архивски единици. лево|мини|250п|Северозападниот агол на градбата, 2007 година. Градбата е во масивен систем. Бил употребен армиран бетон во изработката на меѓукатните конструкции, со армирано бетонски ребра по системот „Хербис“. Има комбинација на камен, тули и мермер. Таа е првата градба во Куманово со сопствен водоводен систем, каде водата од бунар била пумпана до резервоар на покривот за снабдување на санитарните јазли. Главниот волумен на градбата има двоводен покрив со дрвена потконструкција. Двете кули се решени со четириводни покриви. Зградата има неокласична фасада со симетрична организација, чисти геометриски облици и минимално украсување, што го одразува влијанието на рационализмот и функционализмот. Градбата има дрвена столарија. Зградата содржи резбарени подробности на вратите и прозорците, вообичаени за македонската традиционална градба. Ѕидните платна на јавниот дел се организирани со големи стаклени површини кои поминуваат двокатна висина и даваат проѕирливост на градбата низ големата сала. Во станбениот и административниот дел има помали прозорски отвори и затворено ѕидно плато.

Во однос на внатрешноста, зградата има претставителки трокраки скали со мермерни газишта и ограда од ковано железо.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Згради и градби во Куманово Категорија:Згради и градби завршени во 1930 година Категорија:Македонската архитектура во 1930 година