Alchemilla xanthochlora е вид скриеносемено растение кое припаѓа на семејството рози.

Опис Повеќегодишно растение. Стеблото 10-60 цм високо, подолго од дршките на приосновните листови, исправено или полегнато, заедно со соцветијата густо покриени со расперени влакна. Приосновните листови се бубреговидни, од 4-16 цм во пречник, со големо растојание помеѓу долните делови на листот, 9-11-делни, на горната страна голи или скоро голи, на долната страна густо влакнести. Листовите насечени од 1/3 до 1/4, деловите на листовите полуелиптични, до основата назабени, без целокраен раб; запчињата по 8-12 од секоја страна, косо-триаглести, а врвното запче рамно на соседните запчиња. Дршките на приосновните листови 10-30 цм долги, густо покриени со меки расперени влакна. Прилисниците бледожолтеникави или светлокафеави. Стеблените листови добро развиени, со покуси дршки. Соцветијата доста широки, со голем број цветови, со косо нагоре насочени гранчиња. Цветните снопчиња густи, цветните дршки голи, долги колку и цветовите. Цветовите 2,5-4 мм во пречник. Хипантиумите 1-1,5 мм долги, дебели и јасно се разграничуваат од цветните дршки, голи. Чашкините ливчиња широко-јајце-видно-триаглести, голи. Ливчињата на епикаликсот доста покуси од чашкините ливчиња. Зрелите плодчиња пократки од хипантиумите.

Распространетост Потекнува од Европа и Северна Америка. Воведено во Финска, Северозападна Европска Русија, Источна Австралија и Источна Канада.

Распространетост во Македонија Alchemilla xanthochlora на територијата на Македонија расте на влажни ливади и ретки шуми во планините до 2.330 м, надморска височина.

Се посочува за с. Патишка Река, Пепељак, Шар Планина, кај с. Гајре, Крчин, Стогово - кај с. Гари, кај с. Дуф, Караорман (Ајров Аргач, Црвено Млаче, Бабин Срт, Фурка) и планината Мунџица.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија