Обична ѕвезденка (науч. Stellaria media) е едногодишно цветно растение од семејството каранфили. Потекнува од Евроазија и е натурализиран низ целиот свет, како плевел на обработливо земјиште и градини. Понекогаш се одгледува како култура за салата или за консумирање од живина.

Опис Ова е издржливо едногодишно растение кое цвета во текот на целата година во северна Европа, при благи временски услови. Стеблата се рамни и голи, со лабав и раширен раст, до 40 см во дијаметар, со линија од влакна што се протега право по неговата должина, наизменично менувајќи ги страните кај јазлите. Лисните дршки се од 5 до 8 мм долги со влакнести рабови. Листовите се зелени, без влакна, овални и спротивни.

Цветовите се мали, помалку од 1 см во дијаметар, со 5 бели ливчиња, 1–3 мм долги, сместени во поголеми чашкини ливчиња.

Слични видови мини| Обична ѕвезденка има линија од влакна по едната страна од стеблото. Обичната ѕвезденка се препознава по линијата на влакна по стеблото. Видовите што најверојатно ќе се помешаат со неа се видови од родот рожец, Cerastium, кои се влакнести насекаде (и на лисјата и на стеблата).

Распространетост и живеалиште мини| Сепали со многу долги влакна. Stellaria media е широко распространета во Азија, Европа, Северна Америка и други делови од светот.

Во Македонија расте на влажни места покрај патишта, населби, ендеци, бразди, јазови, оризишта, по градини и ѓубришта. Ова е многу често растение, и се среќава речиси насекаде до 1600 метри надморска височина, и се посочува за многу места низ Македонија.

мини

Потенцијална токсичност Обичната ѕвезденка содржи растителни хемикалии познати како сапонини, кои можат да бидат токсични за некои видови (особено за рибите). Малку е веројатно дека повеќето копнени животни ќе бидат погодени, бидејќи количествата што ги содржи не се големи. Сепак, не се препорачува да се јаде за време на бременост или доење.

Употреба Обичната ѕвезденка е јадлива и хранлива, и се користи како лиснат зеленчук, често суров во салати. Тоа е една од состојките на симболичното јадење што се консумира на јапонскиот пролетен фестивал, Нанакуса-но-секу. Некои сорти или слични видови може да бидат премногу влакнести за јадење.

Се вели дека има лековити својства и се користи во народната медицина. Се користи како лек за лекување на чешање на кожата и белодробни заболувања. Билкарот од 17 век , Џон Џерард, го препорачувал како лек за шуга.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лиснат зеленчук Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија