Stellaria aquatica е вид цветно растение од фамилијата каранфили Caryophyllaceae. Тоа е повеќегодишно растение тревесто со стебла високи помеѓу 10 и 100 см, расте во влажни подрачја, на пример, на страните на олуците или под или помеѓу грмушките. Се јавува природно во умерените региони на централна и западна Европа. Цветовите се бели. Растенијата цветаат помеѓу јуни и август.

Во Македонија

Во Македонија расте по влажни и блатни ливади, мочуришта, покрај езера, оризови ниви, јазови и канали. Видот е познат за Катлановско Блато, Струшко Блато, Моноспитовско Блато, Дојранско Езеро покрај трската, Кочани по оризиштата, покрај Црна Река, Демир Хисар помеѓу селата Железнец и Големо Илино, клисурата на реката Тополка.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија