Stellaria graminea е вид цветно растение од семејството каранфили.

Опис Stellaria graminea е ризоматска повеќегодишна билка која произведува разгранети стебла што се испружени, раширени, и достигнуваат до околу 90 см во должина. Стеблата се четириаголни, слаби и без влакна. Обложена е со парови линеарни или копјести листови, секој 1-4 см долг. Листовите се со мазни рабови и без влакна, освен неколку влакна што ги обложуваат основите. Соцветието има неколку цветови, секој на кратка цветна дршка. Цветот има пет зашилени зелени чашкини ливчиња, секое долго неколку милиметри, а кои обично се обложени со влакна. Има пет бели ливчиња, секое толку длабоко заоблено што изгледа како да има две. Семките се црвеникаво-кафеави по боја и се 1 мм во дијаметар. Носи 10 прашници

Распространетост Потекнува од Евроазија и е широко распространета во други делови од умерениот свет како воведен вид и вообичаен плевел.

Во Македонија расте по високопланински пасишта на длабока почва и влажни места, од низините до 2200 метри надморска височина. Видот е познат за Скопска Црна Гора, Јакупица, Шар Планина, Мавровско, Бистра, Дешат, Јабланица, Галичица, Баба, Ниџе, Кожуф, Дудица, Осогово, Плетвар, околината на Крушево, Ресен, Струмица, Делчево, Пехчево и Кадица.

Наводи

Надворешни врски

Рачен третман на Џепсон Музеј Вашингтон Бурк Фото галерија

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија