Cerastium decalvans — повеќегодишно растение.

Опис Ова е повеќегодишно растение, високо 7-30 см, во основата силно разгрането, поради што образува густи браздовидни образувања. Покрај многубројните цветни гранчиња во основата се присутни и куси стерилни гранчиња. Целото растение е препокриено со меки, долги влакна кои формираат една волнеста обвивка околу вегетативните делови на растението. Стебленцата се вертикални, по површината се волнести, а во горниот дел и жлездесто влакнести. Листовите се линејно ланцетни околу 30 мм долги, 2-5 мм широки, на врвот заострени. Цветовите се групирани во ретки дихазиуми од 3-9 цвета, а поретко со 1-2 цвета. Чашкините ливчиња се ланцетни, на врвот заострени, а венечните ливчиња се бели, два до дваипол пати подолги од чашката. .Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 258-259

Подвидови

Ова е многу полиморфен вид, поради што се опишани бројни нови подвидови, вариети и форми, кои од различни автори различно се вреднуваат. Признати се следниве подвидови:Species 2000 & ITIS Catalogue of Life: 2014 Annual Checklist.

C. d. adamovicii C. d. decalvans C. d. dollineri C. d. durmitoreum C. d. histrio C. d. macedonicum C. d. orbelicum C. d. sylvaticum

Распространетост Во Македонија расте по варовнички карпи и камењари, и претставува широко распространето растение од низините до 2500 метри надморска височина.

Галерија

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа