Cerastium dichotomum — едногодишно растение.
Опис Ова е едногодишно растение високо до 20 см, со повеќеклеточни прости и жлездести влакна. Стеблото е вертикално и силно разгрането во долниот дел со расперени долги повеќеклеточни прости влакна, а во погорните делови се појавуваат и жлездести влакна. Листовите се до 25 мм долги, линејно ланцетни, и од двете страни со прости долги влакна, но лепливи. Чашкините ливчиња се долги 9-12 мм, ланцетни, заострени, зелени, по површината само со жлездести влакна и со тесен ципест раб. Венечните ливчиња се всечени на два дела. Има 10 прашници.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 258
Во Македонија Во Македонија расте по тревести и каменливи брдски пасишта. Единствениот наод на овој вид е во Таорска Клисура, во околината на Велес.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј