Amelanchier ovalis е листопадна грмушка од семејството рози. Нејзините плодови се јадливи и може да се јадат сурови или варени. Видот е домороден во централна и јужна Европа, како и во Северна Африка и Блискиот Исток.

Опис Грмушка до 3 м висока. Младите гранчиња, лисните дршки и листовите волнести, а покасно со отпаѓањето на влакната стануваат голи. Стебленцата вертикални, разгранети, темнокафеави. Листовите јајцевидни, обратно-јајцевидни, широко-елиптични до круглести, 2-4 цм долги, 1,2-1,8-пати подолги отколку широки, а најшироки во средината, фино назабени или остро напилени. На горната страна темнозелени, на долната страна посветло зелени, голи, кожести, на врвот и во основата заокруглени, поретко во основата срцевидни. Лисните дршки до 2 цм долги. Прилисниците линејни, на врвот заострени, 3-6 мм долги, рано отпаѓаат. Цветовите во гроздесто-штитовидни соцветија од 2-8 цвета. Цветните дршки до 15 мм долги, најдолги кај најдолните цветови, а кај погорните цветови тие се покуси. Хипантиумот влакнест. Чашкините ливчиња тесно-триаглести, во почетокот влакнести, покасно голи и трајно остануваат на плодот. Венечните ливчиња бели, кремови или кремово-бели, тесно-обратно-овални, 10-15 мм долги, 3-4-пати подолги отколку широки, најшироки во горната половина. Прашниците 20. Карпелите 5. Столпчињата 5, слободни. Плодот топчест, црн, со сиво-синкав налеп, а чашкините ливчиња исправени или свиткани надолу.мини| Цвеќиња мини| Овошје

Распространетост и живеалиште Amelanchier ovalis може да се најде во преалпска и субмедитеранска клима, протегајќи се од колинска до субалпска зона. Најјужното место со регистрирани растенија е во Мароко, најисточното место е во Азербејџан и Кавказ. Растенија се забележани во Вале во Швајцарија на надморска височина од 2,000 м, а во планините Атлас на 2,800 м.

A. ovalis претпочита сончеви, суви стрмни падини, светли дабови и борови шуми и полусуви тревни површини на јужно ориентирани позиции, на карпи со варовнички подлоги.

Распространетост во Македонија Amelanchier ovalis на територијата на Македонија расте на каменливите и карпестите места и ретките шумски состоинидо 2.100 м надморска височина.

Познат е за Скопска Црна Гора; Скопје - Козјак кај с. Нова Брезница; Шар Планина; Маврово; Кораб; Дешат Крчин; Јабланица; Галичица; Баба Сач и Лубен; Македонски Брод - Барбарос; Прилеп - Козјак и Сивец; клисура на Црн Дрим.

Екологија Amelanchier ovalis е отпорен е на суша и поради оваа причина е биопоказател за суви услови. pH вредноста на почвата се движи од неутрална до алкална (pH 5,5 - 8,5). Затоа, растенијата растат на варовити површини.

Amelanchier ovalis е способен да се вкорени на сиромашни со хранливи материи и каменести подлоги и може да ги стабилизира почвите. Затоа овој вид се користи за обновување на земјиштето, пошумување или реконструкција на живеалиштата.

Amelanchier ovalis е важен извор на храна за различни видови инсекти кои обезбедуваат нектар. Растенијата зависат од опрашување од инсекти.

Плодовите често ги јадат птици или цицачи. Преку тоа, семето на A. ovalis се шири. Во зависност од локацијата, A.ovalis може да се размножува вегетативно преку коренови изданоци.

Употреба Amelanchier ovalis може да се користи за обновување на земјиштето и пошумување, благодарение на неговите пионерски карактеристики. Abstract in English. Бобинките може да се јадат свежи но почесто се преработуваат за џем, компот или жестоки пијалоци. Екстрактите од гранчиња, лисја и кора може да се користат за медицински цели, поради тоа што содржат биолошки активни супстанции, како што се полифенолите.

Наводи

Надворешни врски

Информации од „Растенија за иднината“ Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија