Paronychia cephalotes — вид растение од родот Paronychia, и семејството каранфили.

Опис Ова е многугодишно тревесто растение, од основата силно разгрането, со гранчиња долги 5-20 см, и полегнати. Стебленцата се со куси влакна, а постарите речиси се голи. Листовите се долгнавесто елиптични до ланцетни. Цветовите со брактеите групирани се во топчести терминални соцветија, 12-20 мм во пречник и обично збоени. Цветовите се обично долги 3-4 мм, чашкините ливчиња со 3 жили, а венечните ливчиња се долги 1-1,5 мм, еднакви или малку подолги од прашниците.Кирил Мицевски:Флора на Република Македонија, Том 1, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993, стр. 285

Подвидови

Прифатени се овие подвидови:

P. c. bulgarica P. c. cephalotes P. c. taurica P. c. thracica

Во Македонија Во Македонија расте по варовнички карпи и камењари. Се посочува само за клисурата на реката Треска.

Наводи

Категорија:Каранфили Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа