Долгоцветен плускавец (науч. Silene bupleuroides) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Многугодишно растение високо 25-80 см, со здрвенето подземно стебло. Стеблото е неразгрането, сивкаво, со восочен налеп, голо или само во долниот дел рапаво поради присуство на многу куси четинести влакна. Листовите се зелени, со восочен налеп, голи. Цветовите се групирани во метличести соцветија. Чашката е 20-30 мм долга, цилиндрична, во горниот дел малку проширена, со 10 црвени спроводни жили. Венечните ливчиња се бели, розикави или зеленикави. Плодната кутијка е 10-12 мм долга, сосема обвисната од чашката.

Подвидови

Познати се овие подвидови:

S. b. bupleuroides S. b. ganiatsasiana S. b. ramosa S. b. solenocalyx S. b. staticifolia

Во Македонија Во Македонија расте по брдски пасишта и камењари, од 500 до 2500 метри надморска височина. Ова е широко распространето растение, и се среќава речиси по целата територија на Македонија.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)