Фривалдскиев плускавец (науч. Silene frivaldszkyana) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Многугодишно тревесто, сивкаво зелено растение високо 80-120 см. Стеблата се поединечни или некои се заедно, голи, во горниот дел со една или неколку лепливи зони, неразгранети или разгранети од основата на соцветието. Листовите се голи, чашката е 12-16 мм долга, цилиндрична, гола, бледозеленикава или горната половина црвеникава, со 10 речиси незабележливи жили. Венечните ливчиња се бели или белузлави до бледорозеви, длабокот всечени.

Во Македонија Во Македонија расте по суви тревести и каменливи места, по меѓи, ендеци и напуштени ниви, од низините до 1000 метри надморска височина. Видот е познат за Куманово, Штип, Струмица, Пехчево, Крива Паланка, Гевгелија, и Битола.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)