Коренест плускавец (науч. Silene radicosa) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Многугодишно баздовидно растение со дебел задрвенет приземен и подземен дел од стеблото, од кое се развиваат вегетативните гранчиња и цветните стебленца. Стебленцата се во голем број, високи 15-30 см, вертикални, во долниот дел со мали, прилегнати влакненца свртени надолу, а во горниот дел голи. Цветовите се групирани во ретко гроздовидно соцветие, образувано од 2-5 цвета. Чашката е 8-12 мм долга, во средината поширока, со јасно изразени надложни бразди, со 10 зелени или црвеникави жили. Венечните ливчиња се бели.
Во Македонија Во Македонија расте на планината Галичица, Прилеп, Козјак, Кичево, Илиница и Баба Сач, како и во Скопје, и над селото Нова Брезница.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)