Хојфелов плускавец (науч. Silene heuffelii) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Двегодишно дводомно растение високо 40-80 см, во долниот дел со поретки, а во горниот дел со погусти многуклеточни влакна, долги до 1,5 мм. Стеблата се поединечни, вертикални, во горниот дел разгранети. Листовите се со ретки долги влакна, основните речиси голи. Цветовите се еднополни и групирани во повеќекратно разгранет дихазиум. Цветните дршки се со густи, прости и жлездести влакна. Чашката е 10-12 мм долга, зеленикава, цилиндрично ѕвонеста, во долниот дел проширена, со нејасни 10 жили. Венечните ливчиња се бели или бледорозови. Плодната кутијка околу 10 мм долга.

Во Македонија Во Македонија расте по букови шуми во субалпскиот појас. Видот е познат само за Шар Планина, најден е под врвот Љуботен.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)