Ammannia baccifera — едногодишен вид на растение од родот Ammannia од фамилијата врболистови. Меѓународниот сојуз за заштита на природата го класифицира овој вид како незагрозен. Според Каталогот на живот не се наведени подвидови.

Опис Ammannia baccifera e eдногодишно растение, 10–30 sm високо, голо. Стеблото e неразгрането или разгрането уште од основата, вертикално или со прилегнати странични гранчиња. Листовите се наспрамни, линејни до широко-копјести, 10–30 мм долги и 4–10 мм широки, приседнати, кон врвот стеснети во тапо врвче, а во основата клиновидни или слабо срцевидни, со јасно изразена средна жила и скоро незабележливи странични жили. Цветовите се 4-члени, приседнати, по неколку заедно збиени во групи во пазувите на листовите по целата должина на гранчињата. Хипантиумот цилиндрично-ѕвонест, 1,5–2 мм долг, со 8 надолжни ребра. Чашкините ливчиња се делтоидни, долги околу 2/3 од должината на хипантиумот. Епикаликсот и венечните ливчиња отсуствуваат. Прашниците се на број 4. Столпчето е кусо, поради што жигот е скоро приседнат. Плодот е кутијка, топчест, малку поголем од хипантиумот.

Распростанетост во Македонија Ammannia baccifera се среќава по оризови ниви, а во Македонија познато е во Штип кај селото Крупиште.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Врболистови