Жан Едмон Дижарден () (, ) — француски глумец и комичар. Својата кариера ја започнал како стендап комичар во Париз, пред да биде гостин во хумористични телевизиски програми и филмови. Се здобил со популарност со ТВ-серијата „Еден тип, една девојка“ (Un gars, une fille) (1999–2003), во која глумел заедно со својата партнерка Александра Лами, пред да стане популарен филмски глумец во комедии како што се „Брис од Ница“ (Brice de Nice) (2005), „Агент 117: Каиро, гнездо на шпиони“ (OSS 117: Cairo, Nest of Spies) (2006) на Мишел Хазанавичиус, неговото продолжение „Агент 117: Изгубен во Рио“ (OSS 117: Lost in Rio) (2009) и „Агент 117: Од Африка со љубов“ (OSS 117: From Africa with Love) (2021) и „99 франци“ (99 Francs) (2007).
Дижарден стекнал меѓународна слава и широко признание со неговата изведба на Џорџ Валентин во наградуваниот нем филм „Артистот“ од 2011 година на Хазанавичиус. Оваа изведба му донела бројни признанија, вклучувајќи ја наградата Оскар за најдобар глумец (прва за француски глумец), наградите Златен глобус, БАФТА, наградата на Здружението на филмски глумци и наградата за најдобар глумец на Канскиот филмски фестивал. И покрај светскиот успех, тој одлучил да остане сосредоточен на Франција, каде што останува популарен глумец, иако подоцна се појавил во филмовите на англиски јазик „Волкот од Волстрит“ (The Wolf of Wall Street, 2013) и „Чувари на наследството “ (The Monuments Men, 2014).https://midb.mk/film/the-monuments-men-2014
Младост Жан Дижарден е роден на 19 јуни 1972 година во општината Риеј-Малмезон, департманот Сенски Висови, (регион Ил-де-Франс), кој се наоѓа во западните предградија на Париз. Тој пораснал во соседниот Плезир, во департманот Ивлин. Откако завршил средно училиште, почнал да работи како бравар во градежното претпријатие на неговиот татко, Жак Дижарден. Дижарден почнал да размислува за кариера во глумата додека ја отслужувал задолжителната воена служба неколку години подоцна.
Кариера Жан Дижарден ја започнал својата глумечка кариера изведувајќи сопствена монодрама во разни барови и кабареа во Париз. Првпат привлекол внимание кога се појавил во француското шоу за таленти „Грен де стар“ (Graines de star) во 1996 година како дел од комедиската група „Ну се ну“ (Nous Ç Nous), која била основана од членови на театарот „Каре блан“ (Carré blanc).
Од 1999 до 2003 година, Дижарден глумел во француската адаптација на изворно канадската хумористична серија „Еден тип, една девојка“ (Un gars, une fille), заедно со својата идна сопруга Александра Лами, пред да се посвети на филмската кариера. Оваа ТВ-серија го прикажува секојдневието на една љубовна врска, а секоја епизода трае помалку од десет минути. Во 2005 година, тој ја толкувал главната улога на сурфер во популарната комедија „Брис од Ница“ (Brice de Nice) и учествувал во снимањето на саундтракот за филмот.</blockquote>Во 2006 година, Дижарден ја играл улогата на расистичкиот, сексистички таен агент Ибер Бонисер де Ла Бат во комедијата „Агент 117: Каиро, гнездо на шпиони“, улога која му ја донела наградата Етоал Д'Ор и номинација за наградата Цезар за најдобар глумец. Успехот на филмот довел до продолженијата „Агент 117: Изгубени во Рио“ и „Агент 117: Од Африка со љубов“. Во 2007 година, во режија на Јан Кунен, тој глумел во филмот „99 франци“, многу успешна егзистенцијална пародија на рекламен директор, адаптирана од истоимениот бестселер напишан од Фредерик Бегбедер. Истата година, тој се осмелил да се појави во драма за првпат на големото платно, играјќи скршен татко и полицаец во филмот „Противистрага“ (Contre-enquête) на Франк Манкузо. Во 2009 година, тој се појавил во филмот „Човекот и неговото куче“ заедно со филмската легенда Жан-Пол Белмондо, со кого често го споредуваат. Во 2010 година, глумел заедно со Албер Дипонтел, толкувајќи ја персонификацијата на ракот од кој болува неговиот лик во „Парчиња мраз“ (Le Bruit des glaçons), француска црна комедија напишана и режирана од Бертран Блие. лево|мини| Жан Дижарден со Шарлот Гејнсбур во 2011 година Во 2011 година, Дижарден ја играл филмската ѕвезда Џорџ Валентин во немиот филм „Артистот“, повторно со режисерот на „Агент 117: Каиро, Гнездо на шпиони“, Мишел Хазанавичиус, и неговата колешка во тој филм, Беренис Бежо. Филмот премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2011 година, каде што ја освоил наградата за најдобар глумец. Неговата изведба наишла на високи пофалби од критичарите и му донела бројни признанија, вклучувајќи ги номинациите за наградата „Златен глобус“, како и наградите на голем број здруженија на филмски критичари.
На 15 јануари 2012 година, Дижарден ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар глумец - мјузикл или комедија. Подоцна тој ги добил и наградата на Здружението на филмски глумци (Screen Actors Guild) за најдобар глумец, како и британската БАФТА во истата категорија. Бил номиниран и за француската награда „Цезар“ за најдобар глумец, но ја загубил од Омар Си за неговата улога - тогаш втор најгледан филм во историјата на француската кинематографија, „Недопирливите“. Дижарден потоа го доживеал врвот на успехот со освојувањето на Оскарот за најдобар глумец на 84-тото доделување на овие престижни награди. Со тоа, тој станал четвртиот француски глумец номиниран за Оскар и првиот што ја освоил наградата за најдобар глумец. По номинацијата за Оскар за улогата во „Артистот“, агенцијата WME (William Morris Endeavor) потпишала договор со актерот.
Францускиот филмски историчар Тим Палмер ја анализирал кариерата на Дижарден и неговиот пат до успехот во Франција, забележувајќи дека во своите први значајни улоги тој често играл непоправливи кловнови — многу вешти портрети на детинести мажи кои агресивно и без срам ги отфрлаат одговорностите и компромисите на зрелиот живот. Неговите пробиви на големото платно со улогите во „Брис од Ница“ и „Агент 117“ најдобро го илустрираат овој тренд.
Во февруари 2012 година, Дижарден се појавил во „Неверниците“ (Les Infidèles) со својот колега и пријател Жил Лелуш. Во јуни истата година, тој бил поканет да стане член на Академијата за филмски уметности и науки, заедно со уште 175 истакнати филмски дејци. Во 2013 година, Дижарден глумел во трилерот „Мебиус“ на Ерик Рошан каде што партнери му биле Сесил де Франс и Тим Рот. мини| Жан Дижарден во 2014 Неговиот втор филм таа година бил бил „Волкот од Волстрит“ во режија Мартин Скорсезе, каде што играл заедно со Леонардо Дикаприо, Џона Хил, Метју Меконахи и Кајл Чендлер, меѓу другите. Венаш потоа се појавил во филмот „Чувари на наследството“, во режија на Џорџ Клуни, во кој настапил со самиот Клуни, Мет Дејмон и Кејт Бланчет, а истата година глумел и во францускиот филм „Малиот играч“ (Le Petit Joueur).
Кон крајот на 2014 година, филмот „Конечна врска“ (La French) бил издаден во Европа, а на почетокот на 2015 година започнал да се прикажува и во Соединетите Држави. Во ова остварување, тој толкувал лик на француски истражен судија кој се обидува да ја разбие озлогласената мрежа „Француска врска“ и да ја собори мафијашката организација „Унион корс“.
Личен живот Дижарден се оженил трипати и има четири деца. Неговиот прв брак, со Гаел Демар, завршил во 2003 година, а од оваа врска тој има два сина, родени во 2000 и 2001 година. Во 2003 година, тој почнал да се забавува со својата колешка Александра Лами од хумористичната серија „Еден тип, една девојка“. Тие првично се запознале на аудицијата и се заљубиле за време на снимањето на серијата. Се венчале во Андиз на 25 јули 2009 година, а во ноември 2013 година, било објавено дека двојката се разделила.
Тој почнал да се забавува со француската танчерка на мраз Натали Пешала во 2014 година, откако заминал по неа во Јапонија за да го гледа нејзиниот настап на Светското првенство во лизгање на мраз. Во декември 2015 година двојката ја добила ќерката Жана. Тие се венчале на 19 мај 2018 година на мала свеченост, а во февруари 2021 година Пешала ја родила нивната втора ќерка Алис.
Филмографија
Филм Година Наслов Улога Режисер Забелешки2002 À l'abri des regards indiscrets Жан-Лик Рубен АлвесИго Желен Краток филм „Да бев богат човек“ (If I Were a Rich Man) Вестон (продавачот) Жерар БитонМишел Мунц2003 Toutes les filles sont folles Лоренци Паскал Пузаду „Добре дојдовте кај Розови“ (Bienvenue chez les Rozes) Матје Гамелен / МГ Франсис Пало The Car Keys Самиот себе Лоран Бафи2004 „Опсерватор на сообраќајот“ (Cash Truck) Жак Никола Букрие Mariages ! Алекс Валери Гињабоде „Далтонови“ (Les Dalton) Каубој Филип Хаим Rien de grave Трговски патник Рено Филипс Краток филм2005 La vie de Michel Muller est plus belle que la vôtre Самиот себе Мишел Милер „Брис од Ница“ (Brice de Nice) Брис од Ница Џејмс Хут И сосценарист L'Amour aux trousses Франк Филип де Шоврон Il ne faut jurer de rien ! Валентин Ерик Сиванјан 2006 „Агент 117: Каиро, гнездо на шпиони“ (OSS 117: Cairo, Nest of Spies) Ибер Бонисер де Ла Бат / Агент 117 Мишел Хазанавичиус 2007 „Противистрага“ (Contre-enquête) Ричард Малиновски Франк Манкузо „Пеколен телефон“ (Hellphone) Воинот од визбата Џејмс Хут Deux sur la balançoire Џери Рајан Ив Ди ТулиоБернар Мурат ТВ-филм Cherche fiancé tous frais payés Водител во ноќен клуб Алин Исерман „99 франци“ (99 Francs) Октав Паранго Јан Кунен 2008 „Кеш“ (Ca$h) Кеш Ерик Беснар2009 „Човекот и неговото куче“ (A Man and His Dog) Работникот Франсис Истер „Агент 117: Изгубен во Рио“ (OSS 117: Lost in Rio) Ибер Бонисер де Ла Бат / Агент 117 Мишел Хазанавичиус „Таличниот Том“ (Lucky Luke) Таличен Том Џејмс Хут И сосценарист2010 „Мали невини лаги“ (Little White Lies) Лудо Гијом Кане „Парчиња мраз“ (The Clink of Ice) Шарл Фолк Бертран Блие A View of Love Марк Палестро Никол Гарсија 2011 „Артистот“ (The Artist) Џорџ Валентин Мишел Хазанавичиус 2012 „Неверници“ (The Players) Фред / Оливие / Франсоа / Лоран / Џејмс Емануел БеркоЖан ДижарденМишел ХазанавичиусЈан КуненЖил Лелуш И сорежисер, сосценарист и сопродуцент2013 „Мебиус“ (Möbius) Мојсеј Ерик Рошан „Волкот од Вол Стрит“ (The Wolf of Wall Street) Жан-Жак Сорел Мартин Скорсезе „9 месеци притвор“ (9 Month Stretch) Толкувач на знаковен јазик Албер Дипонтел2014 „Чувари на наследството“ (The Monuments Men) Жан-Клод Клермон Џорџ Клуни „Конечна врска“ (The Connection) Пјер Мишел Седрик Жимемез2015 „Еден плус една“ (Un plus une) Антоан Абејар Клод Лелуш2016 „Љубов во висините“ (Up for Love) Александар Лоран Тирар „Брис од Ница 3“ (Brice 3) Брис од Ница Џејмс Хут И сосценарист 2017 „Секој свој живот“ (Chacun sa vie) Жан (полицаецот) Клод Лелуш „Сахара“ (Sahara) Жорж Пјер Коре Глас 2018 I Feel Good Жак Беноа Делепин & Гистав Керверн „Враќањето на херојот“ (Return of the Hero) Капетан Шарл-Грегоар Невил Лоран Тирар2019 „Еленска кожа“ (Deerskin) Жорж Кентен Дипје „Обвинувам!“ (An Officer and a Spy) Жорж Пикар Роман Полански2021 „Агент 117: Од Африка со љубов“ (OSS 117: From Africa with Love) Ибер Бонисер де Ла Бат / Агент 117 Никола Бедос „Претседатели“ (Présidents) Никола Ан Фонтен2022 „Ноември“ (November) Фред Седрик Жимемез 2023 „По црните патеки“ (Sur les chemins noirs) Пјер Дени Имбер 2025 „Човекот кој се смалува“ (L'Homme qui rétrécit) Пол Јан Кунен 2026 „Зраци и сенки“ (Les rayons et les ombres) Жан Лишер Гзавие Џаноли
Телевизија