Август Гремли (15 март 1833-30 март 1899) ― швајцарски лекар и ботаничар роден во Кројцлинген.
Студирал медицина во Берлин и Минхен, а потоа се школувал за фармацевт во Карлсруе. Од 1876 година, работел како кустос во хербариумот на ботаничарот Емил Бурна (1828 – 1920) во Нант. Починал во Кројцлинген на 30 март 1899 година.
Гремли објавил неколку дела за швајцарската флора, вклучувајќи ја и книгата од 1867 година, која подоцна била преведена на англиски јазик. Покрај тоа, тој соработувал со Бурна на голем број есеи за флората од Поморските Алпи.
Избрани публикации Excursionsflora für die Schweiz, 1867 година (5то издание преведено на англиски од Леонард В. Пејсон како „Флората на Швајцарија“ 1888 година) Beiträge zur Flora der Schweiz (Придонеси за флората на Швајцарија), 1870 г. Neue Beiträge zur Flora der Schweiz (Нови прилози за флората на Швајцарија), 1880-1890
Наводи
Надворешни врски Historischen Lexikon der Schweiz (биографија) IPNI Список на растенија опишани и ко-опишани од Гремли. Stadtarchiv Шафхаузен Фотографија на Август Гремли.
Категорија:Починати во 1899 година Категорија:Родени во 1833 година Категорија:Швајцарски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки