Венцеслас Виктор Жакмон (8 август 1801 - 7 декември 1832) — француски ботаничар и геолог познат по своите патувања во Индија.

Биографија Роден во Париз на 8 август 1801 година, Виктор Жакмон бил најмладиот од четворицата синови на Фредерик Франсоа Венцелас Жакмон де Моро (1757-1836) и Роуз Лејне. Студирал медицина, а подоцна се заинтересирал за ботаника. Неговите рани патувања го воделе низ Европа.

Откако бил поканет од „Жардин де плантс“ да собира растителни и животински примероци од земја по свој избор за 240 фунти годишно, Жакмон отпатувал за Индија, напуштајќи го Брест во август 1828 година. Во Калкута пристигнал на 5 мај 1829 година, а во Делхи на 5 март 1830 година, и продолжил кон западните Хималаи. Тој го посети Амбер во Раџпутана, се сретнал со сикскиот цар Ранџит Синг во неговиот главен град Лахор, и го посети кралството Ладак на Хималаите. Тој го посетил и Бардаман (Бурдван) во Бенгал во ноември 1829 година.

Жакмон починал од колера во Мумбај на 7 декември 1832 година.

Наследство Неколку растенија се именувани по него, вклучувајќи ги Jacquemontia pentanthos, Vachellia jacquemontii, Betula jacquemontii, Corylus jacquemontii, Prunus jacquemontii и Arisaema jacquemontii.

Избрани публикации

Наводи

Библиографија

Категорија:Починати во 1832 година Категорија:Родени во 1801 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Француски ботаничари