Владанка Данаилова Коцева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Симпатизер на напредното младинско движење. Во септември 1942 година, како ученичка во гимназијата во Кавадарци, станала член на СКОЈ. Учествувала во штрајковите организирани од средношколската младина во Кавадарци. Пренесувала и растурала пропаганден материјал меѓу Кавадарци и Неготино. Од средината на 1943 година била врска меѓу илегалните групи и организации во двата града. На 30 јули 1944 година била уапсена од бугарската полиција и затворена четири дена. По ослободувањето на Неготино станала учителка. Во септември 1944 година продолжила со работа во младинското движење и во Агитпроп во Кавадарци, каде била раководител на хор.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ