Ајлмер Бурк Ламберт (- ) — британски ботаничар, еден од првите членови на Линеевското друштво.

Ран живот Ламберт бил роден во Бат, Англија ,како син на Едмунд Ламберт од Бојтон Хаус и Бриџит Бурк, која била ќерка на осмиот виконт Мајо. Мајката на Ламберт починала во 1773, истата година кога тој почнал да оди на училиште и преку нејзиното семејство наследил имоти во Јамајка и Ирска. Ламберт одел во училиштето „Њукомс“ за синови на господа во Хакни, а потоа 3 години студирал на Универзитетот Оксфорд.

Дела Тој бил најпознат по своето дело „Опис на родот бор“, објавено во неколку делови помеѓу 1803 и 1824 година, раскошно илустриран повез во кое се детално опишани сите четинари познати тогаш. Вториот повез било објавено помеѓу 1828 и 1837 година, а третото, помало издание во 1832.

Многу од новите четинари откриени од Дејвид Даглас и други, вклучувајќи ја и крајбрежната црвена секвоја, биле опишани за прв пат во книгите на Ламберт; неколку од нив всушност биле опишани од соработнички автори, особено Дејвид Дон, кој ја вклучил својата работа во книгата на Ламберт.

Хербариум Ламберт стекнал голем број значајни колекции на хербариуми, вклучувајќи ги и оние на Јохан Рајнхолд Форстер, Арчибалд Мензис и Анри де Понтје. Тој ,исто така, собрал голема колекција примероци и цртежи од Австралија во ерата веднаш по пристигнувањето на Првата флота. Меѓу соработниците биле гувернерот Артур Филип, генералниот хирург Џон Вајт, полковникот Вилијам Патерсон, мајорот Роберт Рос, мајорот Франсис Гроуз и Филип Гидли Кинг.

Колекцијата на Ламберт од 50.000 зачувани растителни примероци, заедно со неговата обемна библиотека, била користена од автори и ботаничари како што се Роберт Браун, Де Кандол, Мартиус ,Џорџ Дон и Дејвид Дон. По неговата смрт, таа била продадена на аукција поделена на 317 лотови, а примероци од неа можат да се најдат во ботаничките збирки ширум светот.

Линеевско друштво Ламберт бил еден од основачите на Линеевското друштво во 1788. Во 1796, Ламберт бил назначен од Џејмс Едвард Смит за еден од четирите потпретседатели на Линеевското друштво во Лондон. Тој ја држел оваа позиција сè до неговата смрт во својот дом на Кју Грин во 1842.

Кралско друштво Во 1791,Ламберт бил избран во Кралското друштво во Лондон за подобрување на природното знаење, а Џозеф Бенкс го направил член на неговиот Совет во 1810.

„Тој бил пријател и дописник на Сер Џозеф Бенкс и покажал голем интерес за ботаничките и зоолошките откритија што произлегоа од Нова Холандија кон крајот на 18 и почетокот на 19 век, бидејќи тие биле пренесени назад во Лондон, без разлика дали како живи или мртви примероци, како семиња или како цртежи. Ламберт ја составил колекцијата од примероците и цртежите на генералниот хирург Џон Вајт донесени од Сиднеј во Лондон во 1795.“

Наследство Во чест на Ламберт се именувани Pinus lambertiana, родот Lambertia и Malurus lamberti.

Наводи

Надворешни врски

Ајлмер Бурк Ламберт на www.barnelms.com Колекцијата TAL и Dai-ichi Life Derby во Државната библиотека на Нов Јужен Велс

Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Линеевското друштво во Лондон Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Починати во 1842 година Категорија:Родени во 1761 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Британски ботаничари