Словачка народна библиотека () — јавна библиотека со седиште во Мартин, Северна Словачка, која работи под покровителство на Министерството за култура на Словачката Република. Како национална библиотека, таа добива задолжителен примерок од публикациите од сите издавачи во Словачка, објавува национална библиографија и служи како државен центар за библиотечни информации.

Нејзиниот фонд опфаќа приближно 5 милиони единици библиотечен материјал и 1,7 милиони архивски документи, како и неколку илјади музејски експонати во три музејски институции кои се организациски дел од СНК:

Книжевен музеј на Словачката народна библиотека Словачки музеј на А.С. Пушкин (Бродѕани) Историска библиотека на семејството Апони (Опонице)

Историја Во сегашниот облик Словачката народна библиотека постои од 2000 година, а нејзината историја почнала од средината на 19 век, кога словачките земји биле под унгарска власт. Со зајакнувањето на националната свест, словачките културни институции почнале да се развиваат на места надвор од политичките средишта, бидејќи кралските власти се однесувале кон нив со недоверба. Така, во 1863 година, во Мартин било основано Словачкото книжевно друштво „Матица словачка“ (Matica slovenská), кое функционирало како читална и започнало систематски да собира словачка литература.

За време на заедничката држава Чехословачка, Националната и универзитетска библиотека во Прага во начело била одговорна за собирање на словачката книжевна продукција, но оваа улога де факто ја извршувала Словачката нродна библиотека. По Втората светска војна, во 1954 година таа добила статус на национална библиотека, а пет години подоцна официјално биле основани два национални библиотечни системи, еден за Чешка и Моравија, а друг за Словачка.

По распадот на Чехословачка, словачкиот библиотечен систем бил дополнително преобразен, со што во 2000 година била официјално воспоставена денешната Словачка народна библиотека.

Наводи

Надворешни врски Official site dikda.eu - Digital Library and Digital Archive - website of national digitization project DIKDA www.spytajtesakniznice.sk - Ask a Librarian portal of the Slovak Republic

Категорија:Мартин (град) Категорија:Појавено во 2000 година Категорија:Национални библиотеки Категорија:Библиотеки во Словачка