Национална библиотека на Сомалија — национална библиотека која се наоѓа во Могадишу, главниот град на Сомалија.
Историја Националната библиотека била основана во 1975 година и била отворена за пошироката јавност. Во 1983 година, во библиотеката имало приближно 7.000 книги, со ограничен историски и културен архивски материјал.
Националната библиотека била затворена во 1990-тите за време на Сомалиската граѓанска војна. Во јуни 2013 година, Институтот за наследство за политички студии организирал испорака на 22.000 книги од Соединетите Американски Држави во Сомалија како дел од иницијативата за дополнување на библиотеката. Во декември истата година, сомалиските власти официјално започнале со голем проект за обнова на Националната библиотека.
Со директорката Заинаб Хасан, се покренала иницијатива финансирана од федералната влада, вредна околу 1 милион долари. Иницијативата имала за цел да изгради нов библиотечен комплекс во главниот град во рок од шест месеци. Како подготовка за повторното пуштање во употреба, се очекува да пристигнат дополнителни 60.000 книги од други земји-членки на Арапската лига.
Наводи
Категорија:Национални библиотеки Категорија:Библиотеки во Сомалија Категорија:Згради и градби во Могадишу